Потсетувајќи на преселбите на Божјиот народ за време на ропството во Египет и „историјата на љубовта помеѓу Бог и неговиот народ“, Папата ги повикува верниците да го усмерат одлучно животот кон Господ, да ја остават удобноста и строгоста на личното его, за да го фокусираат животот во Исус Христос“ и да ја прегрнат во сè и насекаде Евангелска мисија на Црквата.
Светиот Отец не ги заборава и младите, кои ги охрабрува да не се плашат да „излезат
од себе и да тргнат на пат, секогаш со поглед упатен кон сиромашните“.
„Во мисионерската Црква, христијанското звање се раѓа во пазувите на едно мисионерско
искуство“, а тоа е можно само ако „човекот е способен да излезе од себеси, извршувајќи
едно вистинско и суштинско „преселување“, слично на библиската преселба на Божјиот
народ раскажано во Втората книга Мојсеева, за да се ослободи од ропството и најде
нов живот во Христа“, пишува Светиот Отец.
Во срцето на секое христијанско звање се наоѓа „излезот од сопствениот комфор и строгост, за да ги фокусираме животите на Исус Христос“. Излез, што не е „запоставување на сопствениот живот, чувства и хуманост“. Звањето - појаснува папата Фрањо, цитирајќи ја енцикликата на Бенедикт ХVI, „Deus Caritas est“ - е повик на љубов, кој привлекува и предизвикува „постојан излез од нашето затворено „его“, кон неговото ослободување преку себедарувањето“.
Динамиката на „излезот“, не се однесува само на поединецот, туку и на мисионерската
и евангелска дејност на целата Црква: една „Црква на излегување“, способна да тргне
кон чедата Божји, кон нивните реални ситуации и да ги сподели со нив раните“. „Црква
што евангелизира, излегува кон човекот, го навестува слободно евангелското Слово,
ги лекува раните на душата и телото со Божјата благодат, ги покренува сиромашните
и оние кои се во потреба“. Христијанското звање е конкретен ангажман за изградба на
Царството Божјо на земјата и неизбежно води кон солидарност, пред сè кон најсиромашните.
Кон најмладите папата Фрањо упатува силен апел да не се плашат од несигурноста и нејаснотиите
во секојдневниот живот, кои можат да им ги попречат соништата. Папата ги охрабрува
да не се плашат да излезат од себе и да тргнат на пат по стапките на Исус, како што
направи Дева Марија, модел за секое звање, која без страв го кажа своето „да“ на Господовиот
повик.
РВ/В.Н.
All the contents on this site are copyrighted ©. |