2015-04-04 13:22:00

Папата моли за загинатите студенти во Кенија


Папата Фрањо го осуди нападот на сомалиските исламисти во кампусот на универзитетот Гариса во североисточна Кенија, при што загинаа 147 студенти, а многумина се повредени, нарекувајќи го "безумна бруталност“. Во телеграмата испратена до претседателот на Епископската конференција на Кенија кардиналот Џон Нжуије, Папата ја изразува својата длабока болка за оваа „голема и трагична загуба на човечки животи“. Светиот Отец ја гарантира својата молитви и духовна блискост кон семејствата на загинатите и на кенискиот народ во ова «време на болка» и ги доверува жртвите на бескрајното Божјо милосрдие.

„Во единство со сите луѓе со добра волја од целиот свет“ - стои во телеграмата потпишана од државниот ватикански секретар кардинал Пјетро Паролин, Папата го осудува нападот и се моли «за пробраќање на срцата на сторителите". Истовремено упатува апел до сите влади «да ги зголемат напорите со цел сите мажи и жени во Кенија да работат заедно за прекин на насилството и да ја дочекаат зората на една нова ера на братство, праведност и мир.“

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.