2015-04-03 11:34:00

Папата на Велики Четврток: Да бидеме уморни на добар начин


Напоменувајќи дека често размислува и моли за проблемот на свештеничкиот умор – особено кога самиот е на работ на силите, папата Фрањо предупреди на опасноста од „одморање по наша волја“, „како одморот да не се однесува на Бог. Не смееме да паднеме во тоа искушение“ – рече Светиот Отец.

Меѓутоа, кога свештеникот „мртов-изморен“ може да се поклони и да каже „Доста за денес, Господи“ и да се довери на Отецот – тогаш знае дека нема да падне, туку дека ќе биде обновен – охрабри Папата, напоменувајќи дека начинот на кој се одмораме е од клучната важност за свештеничката плодност. Во тој поглед, Светиот Отец предложи неколку прашања: Дали знам да се одморам со прифаќање на љубовта и благодарноста кои ги примам од Божјиот народ? Или по пасторалната работа, барам софистицирани начини на одморање кои не се од сиромашните, туку кои ги пружи потрошувачкото општество?

Свештеничката работа не е лесна или надворешна работа како мануелната работа или изградба на парохиска сала. Задачите кои Исус му ги доверува на свештеникот вклучуваат способност за сочувство: радост со младенците, насмевка со новокрстеното дете, страдање со оние кои примаат Елеопомазание на болните и слично. Нашето срце во тоа сочувствување станува исцрпено и „скршено на илјадници делови“ – рече папата Фрањо.

Папата согледува три видови умор: На прво место е „уморот од народот, од мноштвото“. За Господ, а така и за нас тоа може да биде исцрпувачко, но тој е добар и здрав умор, плоден и полн со радост. Тоа е умор на свештеник кој има мирис на овците и нема ништо со оние кои носат скапи мириси и гледаат на другите од далеку и од високо – објасни Светиот Отец, додавајќи: Ако Исус го пасе стадото меѓу нас не можеме да бидеме пастири со кисело и намуртено лице или уште полошо, пастири кои се досадуваат.

На второ место е „уморот од непријателите“. „Ѓаволот и неговите слуги никогаш не спијат и бидејќи нивните уши не го поднесуваат Словото Божјо, неуморно работат за да го замолчат или изобличат.“ Злото е далеку полукаво од нас и во еден момент може да го уништи она што долго и трпеливо сме го граделе – предупреди Папата.

На трето место е „уморот од самите себе“ – и тој можеби е најопасен. Другите два умора се резултата на изложеноста на свештеникот и излегувањето од себе, додека овој третиот се однесува на себе. Тоае уморот на „жалење за египетските лонци“ и „флертува со световната духовност“. Кога ќе останеме сами сфаќаме колку делови на нашиот живот се потопени во таа световност, така што имаме чувство дека никогаш не можеме до крај да се исчистиме. Тоа може да биде опасен умор“, а неговата причина е напуштање на „првата љубов“. Она што не се сака, изморува – објасни Папата.

Што прави Господ со пасторалниот умор на свештеникот? Одговорот се наоѓа во сликата на која Исус на учениците им ги мие нозете. Така ја прочистува и самата нивна служба. Исус лично ја чисти секоја дамка и световниот смог; нè мие и чисти од сè што сме насобрале на нозете следејќи Го. „Тоа е нешто свето. Не дозволува вашите нозе да останат валкани“ – поттикна Светиот Отец.

Самата наша служба ја чисти Исус и така со право можеме да се чувствуваме радосни, исполнети, слободни од стравот и вината, поттикнувајќи да одиме на секоја периферија. „Да научиме да бидеме умори, но уморни на добар начин“ – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.