2015-04-01 11:17:00

Светата Година на милосрдието ќе биде прогласена на 11 април


Службата на прогласување вклучува читање на делови од булата пред Светите врати на Ватиканската базилика. После тоа, папата ќе ја предводи молитвата на прва Вечерна за Неделата на Божјото милосрдие.

Изразот „була“ изворно означува оловен или златен печат со кој бил заштитен одреден документ од посебна важност и со кој се гарантирала неговата веродостојност. Со тек на времето изразот добива значење на документ, кој е заштитен со печат, а денес се користи за сите поважни папски документи, кој на себе го имаат папскиот печат.

 

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.