2015-03-26 10:20:00

Наговор на Н. Е. монс. Анселмо Гуидо Пекорари во Радово


Ваше Преосвештенство,

Драги браќа и сестри на Бога посветениот живот, денешниот празник е во тесна врска со празникот на Сретение Господово – принесувањето на Исус во храмот од Дева Марија и Свети Јосиф кои што отишле да се очистат – според законот на Мојсеј – новороденото дете кое што ќе биде посветено на Бога. Само Бог е Свет. Светоста е најголемата особина на Бог.

И ние можеме да бидеме свети ако сме во единство со Бога. Бог е Создател и Отец. И ние тежнееме кон светоста, ако сакаме да ја следиме божественоста на Бог, треба да влеземе во врска со Него, Создателот и Отецот, Светиот и со Него да се отвориме кон светот.

Бидејќи нашиот живот е навистина исполнет со божественост, тоа е еден пат на посветен живот, само ако е подарен на Бога, кој што е Свет, живот живен со Него, барајќи ја секојдневно светоста. Живот дар за сакралноста Божја.

Во овој контекст како централна потпорна точка на еден живот посветен на Бога е што целиот наш живот треба да биде посветен на божественост, на светост, на самиот Бог. И како тоа да се случи?

На прво место нашиот живот треба да биде целосен дар на Бога, Создателот и Отецот, на Синот преку Светиот Дух.

На второ место нашиот живот треба да биде во потрага по светоста, во потрага по беспрекорноста на светлината од препораките на Евангелието, кои што се сиромаштво, чистота и послушност. Овие три мисли се содржината на трите завети на религиозниот живот и се во основата на светоста на еден посветен живот. Заветите се возвишена, лична и јавна ангажираност кон Бога, внатре во Црквата и пред луѓето.

На трето место бидејќи посветениот живот е насочен кон Исусовото Евангелие, што значи е ангажиран да ги следи евангелските мисли и по тој начин да го посветиме животот на Бога. Во овој контекст на Бога посветениот живот, било тоа личен или јавен, е во Црквата и со Црквата, средба и дар на Бога.

На четврто место секој од нас примил од Светиот дух (каризма) еден посебен дар, еден посебен повик, едно звање за Бога посветен живот. Каризмата е срцето на тоа звањето на посветениот живот.

На петто место посветениот живот не е да отстапиш од себе или да бидеш само известител кон својата харизма, но е да се отвориш не само кон Бога, кон Божјото царство, туку и кон светот. Оној кој што се посветил на Бога треба да работи со луѓето, треба да сведочи на луѓето за Бог, за Христос и Евангелието, за светоста која работи и е активна во Црквата и во светот, со особена посветеност кон оние што се во посебна потреба и кон најсиромашните.

Кој живее живот на Бога посветен?

Владиците и Свештениците, кои што се посветени со дарот на Светиот Дух, Свештеничко ракополагање, со полагање на рацете.

Монасите и монахињите и членовите на заедниците на Апостолскиот живот во кои членуваат и се посветиле на Бога и Неговото Царство.

Лаиците кои што избрале посветен живот на Бог и на Неговото Царство во светот.

Што бара Бог од на Бога посветените лица?

Љубов, жртва, покајание, живот според советите од Евангелието.

Што бара заедницата, општеството од нас на Бога посветените лица?

Евангелски живот, свет живот, живот полн со светлина, со милосрдие, посветен на Бога и ближниот и најмногу кон оние во потреба.

И така како да го живееме овој на Бога посветен живот?

Лично и заедно, без да бараме за себе, но со стремеж за Царството Божјо и доброто на ближниот и на светот.

Ако живееме така, како вистински лица на Бога посветени, ќе придонесеме за враќање на Црквата во светот и ќе придонесеме за издигнување на Божјото Царството во општеството. Посветениот живот бара подлабока љубов и искрена хармонија со Исус во Црквата и во Светот. Тоа значи да бидеме личности што го живеат тој посветен живот на Бога.

 

X монс. А.Г. Пекорари

Апостолски нунциј








All the contents on this site are copyrighted ©.