2015-03-20 10:28:00

САД: Апел на епископите против верските прогонства


На чело на одборор е архиепископот на Луизвил, Џозеф Куртц. Во него влегуваат црковни достоинственици од 15 географски области на земјата, вклучувајќи го и претседателот на Catholic Relief Service, каритативен орган на Црквата во САД.

„Ги повикуваме верниците од сите вероисповеди – стои во декларацијата - да се обединат во молитва за оние кои се соочуваат со ужасните прогонства на Блискиот Исток и остатокот од светот“. По повод убиствата на 21 христијани копти, убиени од страна на „Исламската држава“ минатиот месец, епископите истакнуваат дека: „сведоштвото на нивното храбро мачеништво не е единствено, бидејќи им се приклучувааат во сведоштвото илјадници семејства, христијански и од други религии, во бегството од ужасните насилства.“

Поради тоа епископите повикуваат сите луѓе со добра волја да се заземат за заштита на мигранитите и прогонетите, соработувајќи со меѓународната заедница, за да се заштитат правата на верските и етничките малцинства, во рамките на меѓународното хуманитарно право. Американските епископи очекуваат да се зголеми хуманитарната помош и развој, да се отстранат причините за политичко и економско исклучување, кое што го „искористуваат екстремистите“.

На крајот, епископите истакнуваат дека Великиот Пост е „посебно време“ за поцврсто соединување со Христос кој страда; Црквата во Вашингтон ги потиикнува верниците да се молат со надеж дека еднаш сите ќе можат да ја поделат радоста и трајниот мир од Христовото воскресение.

 

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.