2015-03-19 13:17:00

Добротворен концерт во Скопската катедрала


На почетокот свое обраќање имаше Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, кој ги поздрави присутните и изрази голема благодарност до италијанската амбасада и до амбасадорот на Италија во Република Македонија г-дин Ернесто Масимино Белели за организирањето на овој концерт, кој што веќе полека прераснува во традиционален. Исто така присутните ги поздрави и италијански амбасадор, кој што ги потсети присутните дека сите средства кои ќе се соберат од овој добротворен концерт се наменети за добротворната работа на Македонски Каритас.

Инаку да споменеме дека Македонски Каритас е хуманитарна организација на Католичката црква во Македонија, која веќе повеќе од 20 години активно помага на сиромашни лица и семејства, без оглед на нивната национална или верска припадност.

На програмата беа дела од Пасквини, Берлингвер, Хендел, Наполитано, Дипре, Бах, а во изведба на оргули од госпоѓа Ливија Мацани од Италија.

РВ/к.мк/С.С.








All the contents on this site are copyrighted ©.