2015-03-04 10:23:00

Папата: Научете да правите добро


Ако се научи да се прави добро, Бог „великодушно го простува“ секој грев. Она што не го простува е лицемерието,„лажната светост“ – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 3 март во капелата на домот Света Марта.

За лажните светци кои не се светци и за понизните грешници кои научиле да прават добро зборуваше Папата во проповедта велејќи дека на Бог илјада пати  му се помили понизните грешници. Зборувајќи за првото литургиско читање од пророкот Исаија, Папата рече дека од Него е Божјата заповед и повикот: „Престанете да правите зло, научете да правите добро,“ бранејќи ги сираците и вдовиците на кои никој не се сетува, а меѓу кои се и напуштените стари луѓе, децата кои не одат на училиште, оние кои не знаат да се прекрстат. Заповедта воедно е и повик на обраќање – рече Папата, додавајќи:

А како можат да се обратат? Да научат да прават добро! Нечистотијата на срцето не се отстранува како што се отстранува некоја дамка: одиме на хемиско и излегуваме чисти... Нечистотијата на срцето се отстранува со делување: движење по различен пат, откажување од патот на злото. Научете да правите добро! Односно тргнете по патот на доброто. А како може да правам добро? Тоа е едноставно! Барајте ја правдата, помогнете му на угнетениот, правете правда за сирак, бранете вдовица! Да се сетиме дека во Израелот сираците и вдовиците биле најсиромашни и најмногу во потреба: на нив правете им правда, одете таму каде што се раните на човештвото, каде што има големо страдање. Така ќе правиш добро, ќе го очистиш своето срце – објасни Светиот Отец.

Бог вети дека ќе го очисти човечкото срце, односно дека на човекот ќе му ги прости гревовите. Божјото ветување не му ги сумира гревовите на оној кој помага на ближниот. Ако тоа го правите, ако одете по тој пат кој ви го покажав – вели Господ – Гревовите ваши да се и како бакам, - како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур, - како волна ќе станат бели. Дали тоа е претерување, Бог претерува? Не, тоа е вистина! Бог великодушно ни простува. Он секогаш сè простува. Ако сакаш да ти се прости, тогаш треба да тргнеш по патот на доброто. Тоа е дар – рече папата Фрањо.

Зборувајќи пат за второто читање, се осврна на групата на лукавите; оние кои едно зборуваат, а друго прават. Сите сме лукави и секогаш наоѓаме начин да се покажеме поправедни отколку што сме, тоа е патот на лицимерието, претворањето. Таквите глумат обраќање, а срцето им е лажно: тие се  лажговци! Нивното срце не припаѓа на Господ, туку на таткото на сите лаги, односно на ѓаволот. Нивната светост е лажна – рече Папата додавајќи:

На Исус грешниците илјада пати му се помили од лицемерите. Зошто? Грешниците за себе ја зборувале вистината. „Оди си од мене Господи затоа што сум грешен човек!“ И Петар така кажал. Лицемерите тоа никогаш нема да го кажат. Тие пак велат: „Ти благодарам Господи, бидејќи не сум грешник бидејќи сум праведен...“ Во Втората недела од постот треба да размислуваме за овие три работи: за повикот за обраќање, за великодушното Божјо простување и за замките на лицемерието – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.