2015-02-17 13:04:00

Почесниот папа Бенедикт XVI ќе присуствува на Конзисториумот


Почесниот папа Бенедикт XVI со радост ја прими поканата на папата Фрањо да учествува на редовниот јавен Консисториум, кој ќе се одржи на 14 февруари во 11:00 часот во базиликата Свети Петар во Рим, каде што ќе бидат поставени 20 нови кардинали.

Почесниот папа Бенедикт XVI учествуваше и на Консисториумот на 22 февруари 2014 година, кога беа именувани 19 кардинали. Тогаш, пред почетокот на церимонијата, папата Фрањо срдечно го поздрави Бенедикт XVI. Братската прегратка меѓу двајцата беше придружена со долг аплауз од присутните.

 

РВ/З.А.








All the contents on this site are copyrighted ©.