2015-02-10 10:30:00

Папата посети сиромашна населба во Рим


Наоѓајќи се на патот до парохијата Свети Архангел Михаил на подрачјето Тивертина, Папата побара од своите помошници да запрат во најсиромашниот дел од населбата за која имал слушано.

„Кога излезе од автомобилот, луѓето беа шокирани кога го здогледаа пред своите бараки“, рече отец Аристид Сана.

На телевизиските снимки се гледа како Светиот Отец е опкружен со бројни луѓе, претежно од Еквадор и Перу.

„Колкумина од вас тука зборуваат шпански? – ги праша Папата на тој јазик.

-„Сите, сите!“ – беше нивниот одговор исто така на шпански.

Парохот Сана, чиј парохјани често пати донесуваат храна и облека, вели дека во населбата живеат и луѓе од Русија, Еритреја, Украина и Полска.

 

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.