2014-03-26 12:06:07

Нема разлика помеѓу родовата идеологија и марксизмот


Диктатурата сака да ги сокрие разликите, односно сите да ги хомологизира, до таа мерка што со машкото и женското лице ќе се постапува како со апстракција – истакна кардинал Анџело Бањаско, претседател на Италијанската епископска конференција отворајќи ја редовната работа на Постојаното собрание на италијанските епископи, при што говореше за родовата идеологија (gender). Кардиналот ги поттикна родителите да не се плашат, а ги предупреди и на опасноста дека училиштата може да се претворат во вежбалишта „за превоспитување и индоктринација“, мислејќи на трите книги „Воспитување за различност“, поделени во италијанските училишта.

Осврнувајќи се на говорот на кардиналот во разговор за Радио Ватикан, Клаудио Џентиле, уредник на списанието „La Società” (Општество) и коавтор на книгата „Помрачена разлика“, рече дека книгата не случјано е така наречена. Еклипса е време на мрак. Разликата е вистинска и не е само религиозно искуство од Книгата Битие (машко и женски ги создаде), туку и важна каркатеристика на човечката природа, значи реалност. Сега сме во реалност која говорот ја избриша, бидејќи во теориите на пост-модернизмот говорот се гради и разградува. Во движењето на гендеристите гледам нешто слично на големото марксистичко движење. И марксизмот се појави со накана да ја искорени ’злоупотребата на човекот од страна на човекот’ и како се постигна тоа? – праша Џентили одговарајќи:

Исправна дијагноза и погрешна терапија: со укинување на човечката слобода, значи хомологизација. Денес сме на истиот пат. Треба добро да се сфати дека поимот гендер кој настана за да се избегне хомофобијата, односно гендер е идеологија со силна идеја за праведност и еднаквост помеѓу мажот и жената и да се отстрани превласта на мажот, се укинуваат разликите и сѐ се изедначува – забележи уредникот на списанието општество, додавајќи:

Поради тоа треба да се биде внимателен, да се реагира интелигентно и помалку иронично: би им предложил на мајките и татковците, кога во училишните документи ќе наидат на родител 1, родител 2, тоа да го избришат и на место родител 1 да напишат татко, а на место родител 2, нека напишат мајка. Кардинал Бањаско е во право, проблемот е сериозен и треба да се реагира по примерот на папата Фрањо: со насмевка и со уверување дека вистината се потврдува со способноста луѓето да се гледаат во срцата и да се направи тие лица да откријат дека родовата разлика, односно да се биде машко и женско е многу убава вест за децата – заврши коавторот на книгата „Помрачена разлика“.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.