Одбрани мотото и логото за патувањето на Светиот Отец во Светата Земја
Во Ерусалим е избрано мотото и логото за посетата на Светиот Отец на Светата Земја.
Мотото го одбра Собрание на католички ординаријати на Светата Земја, а земено е од
Евангелието по Иван и гласи: Ut unum sint, односно: Да бидат едно.
Логото
со ликовите на апостолите и браќата кои Исус први ги повика за свои ученици, свети
Петар, заштитник на Рим; и свети Андреј заштитник на Цариградската Црква, е исказ
на желбата за единство во верата. Апостолите се наоѓаат во чамец кој што ја симболизира
Црквата, а неместо јарбол стои Исусовиот крст. Едрата се оптегнати под ветерот на
Светиот Дух, кој чамецот го насочуваат кон морето – светот.
Освен што единството
на христијаните е една од централните теми на Исусовата големосвештеничка молитва,
тоа е исто така е и повик за надминување на историските поделби и за изградба на иднината,
заснована на правда и помирување; и мир, простување и братска љубов – стои во соопштението.