Папата Фрањо на 21 март во Апостолската палата во Ватикан го прими преседателот на
Република Малта, Георге Абела, кој подоцна се сретна со Државниот секретар на Папата,
кардинал Пjетро Паролин и arhiepiskopot Доминик Мамберти, секретар за односи со државите. Во
текот на разговорот кој што се одржа во срдечно расположение, се зборувало за длабоките
трагови на христијанството во историјата, кутурата и животот на населението во Малта
како и за добрите односи помеѓу Светата Столица и Малта. – се истакнува во соопштението
на Канцеларијата за печат на Светата Столица. Притоа се спомнати и пасторалните посети
на блажениот Иван Павле II и Бенедикт XVI.
Посебно е истакнат придонесот на
Католичката црква на полето на образовнието и услугите, како и Договорот склучен помеѓу
Светата Столица и Малта кој допринесува за успешна соработка во служба на општото
добро. На крајот, соговорниците се осврнаа на придонесот на Малта во рамките на Европската
Унија, на состојбата на Медитеранот и на појавата на миграција кон Европа во кое што
се заземаат и Црквата и властите – стои во соопштението на Канцеларијата за печат
на Светата Столица. РВ/Д.И.