Во четврток 20 март Светиот Отец го прими на аудиенција претседателот на Црна Гора,
Филип Вујановиќ. Во срдечниот разговор, како што е соопштено од Канцеларијата за печат
при Светата Столица, изразено е задоволство од добрите билатерални односи, потврдени
со Рамковниот договор, кој е за општо добро за општеството и поттикнува соработка
помеѓу Црквата и државата.
Разменети се мислења за теми од заеднички интерес,
за проблемите во Југоисточна Европа, како и за интеграцијата на Црна Гора во евроатланските
институции.
По разговорот со Светиот Отец, претседаателот Вујановиќ, се сретна
со кардинал Пјетро Паролин, Папски државен секретар и со архиепископот Доминик Мамберти,
секретар за односи со државите.