Папата Фрањо на 17 март се сретна со аргентинската претседателка Кристина Фернандез
де Кирхнер придружувана со нејзината голема делегација. Средбата се одржа во домот
Света Марта, а со цел да се поздрави Папата, да му се честита по повод првата година
од папството, но и да се изрази наклонетоста на аргентинскиот народ со Светиот Отец,
извести патер Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат на Светата Столица.
Околу
13.10 часот Папата ја пречека и прими преседателката и делегацијата на вратата на
домот Света Марта и најпрво се задржа во разговор со целата делегација, а потоа со
претседателката. Околу 13 часот и 30 минути Папата и претседателката отидоа на приватен
ручек – стои на крајот на соопштението.