2014-03-10 09:28:43

Ангел Господов: Со сатаната не треба да се дијалогизира, туку треба да одговарме со Словото Божјо


Папата Фрањо пред молитва Ангел Господов во недела на 9 март ги потсети собраните верници дека Евангелието од Првата недела од постот секоја година го дава настанот за искушенијата на Исус, кога Светиот Дух слезе над Него на Јордан и го поттикна отворено да се соочи со сатаната во пустината низ четириесет дена, а пред почетокот на Неговото јавно делување.

Искушувачот настојува да го одврати Исус од планот на Отецот, односно, од патот на крстот, љубов која во основа лежи во помирувањето, за да го заведе на лесниот пат на успех и моќ, рече Светиот Отец, споредувајќи ја средбата на Исус и сатаната со двобој во кои се одвиваат библиски цитати. Ѓаволот, всушност, за да го одврати Исус од крстот настојува во Него да побуди лажна месијанска надеж: материјална благосостојба по претворањето на каменот во леб; спектакуларен и чуден стил преку идејата да се фрли долу од најголемиот врв на ерусалимскиот храм за така да биде спасен од ангелите; и на крајот, кратенка на моќ и власт во замена за поклонување на сатаната. Три групи на искушенија: дури и ние добро ги познаваме, додаде Папата.

Исус одлично ги одбива сите овие искушенија и покажува цврста волја да го следи патот кој што му го одреди Отецот, без никакви компромиси со гревот и логиката на светот. Папата ги повика верниците добро да гледат како одговара Исус. Тој не се расправа со сатаната, како што во земскиот рај направи Ева. Тој добро знае дека со сатаната не може да се дијалогизира, затоа што е многу лукав. Затоа Исус наместо дијалогизирање влијае со Божјото Слово и одговара со неговата сила. Да се сетиме на ова: во моментите на нашите искушенија да не се расправаме со сатаната, туку секогаш да влијаеме со Божјото Слово и тоа ќе не спаси; предупреди Светиот Отец.

Во своите одговори на сатаната, користејќи го Божјото Слово Господ нѐ потсетува пред сѐ дека „Не само од леб живее човекот, туку и од секој збор што излегува од устата на Бога“(Мт 4,4); ова ни дава сила, нѐ поддржува во борбата против менталитетот на светот кој го снижува човекот на ниво на примарни потреби, за да го изгуби гладот за она што е вистинито, добро и убаво, гладот за Бог и Неговата љубов, рече папата Фрањо.

Господ нѐ потсетува дека „исто така е напишано – Не искушувај Го Господа, Твојот Бог“ затоа што патот на верата поминува и низ темнина, сомневање, а се храни со трпеливост и постојано исчекување. Нѐ потсетува, на крајот, дека „зашто е напишано, на Господа твојот Бог, да му се поклонуваш и само Нему да Му служиш“; со други зборови мора да се ослободиме од идолите, празните работи, и да го изградиме својот живот на најважното. Овие Исусови зборови ќе пронајдат конкретна потврда во неговите дела. Неговата потполна верност на планот на љубов на Отецот, ќе го одведе после три години до конечна пресметка со „кнезот на овој свет“, во час на маки и крст и таму Исус ќе ја оствари својата конечна победа, победа на љубовта, рече Папата.

Светиот Отец на крајот до верниците повика да имаат на ум дека времето на Великиот посе милостна можност за сите, како што рече, да се упатиме на пат на преобраќање, во искрено соочување со ова страница од Евангелието. Да го обновиме нашето крштелно ветување: се одрекуваме од сатаната од сите негови дела и заводливост – затоа што тој е заводник – за да одиме кон Божјите чувства и „да го постигне Воскресението во радост на Духот“, заврши Светиот Отец.

После молитвата Ангел Господов, Светиот Отец ги поздрави сите присутни верници и ходочасници; различни групи од Италија и странство кои се собраа на плоштадот и ги повика верниците во текот на овој пост да го имаат на ум повикот на Меѓународниот Каритас на неговата кампања против гладот во светот. На крајот папата Фрањо посака овој пост за сите да биде богат со плодови и ги замоли верниците во молитвите да се сетат на него и неговите соработници од Римската Курија затоа што од вечерва започнува неделата за духовни вежби.

Денес во 18 часот започнуваат духовните вежби за Римската курија, на кои учествува и папата Фрањо. Медитациите ќе ги води монсињор Анџело де Донатис, парох во Свети Марко Евангелист во Рим, а духовните вежби ќе траат до петок наутро, 14 март. Во неделата на духовни вежби нема да има аудиенции, ниту Генерална аудиенција во сред 12 март.
РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.