2014-03-06 10:38:45

Кардинал Сантос Абили Кастељо е назначен за претседател на Комисијата на кардинали при ИОР


Членовите на Комисијата на кардинали при Институтот за верска работи (ИОР), познат како „Ватиканската банка", го назначи кардинал Сантос Абрил и Кастиљо за нејзин претседател. Во соопштението на Ватиканската прес служба се истакнува дека врз основа на статусот на Институтот , членовите на Комисијата се именуваат од Папата за период од пет години. Кардиналската комисија се свикува од претседавачот барем два пати во годината и ги разгледува извештаите за главните економски прашања, како и целокупната стратегија, претставени од претседателот на Надзорниот одбор. Комисијата исто така го надгледува почитувањето на одредбите на статутот и именува членовите на Надзорниот одбор.

Оваа Комисија беше назначена од Светиот Отец во јануари 2014 година, а во неа членуваат: Сантос Абрил и Кастиљо (архипрезвитер на папската базилика „Света Марија Велика) , Томас Кристофер Колинс (архиепископ на Торонто) , Пјетро Паролин (Ватикански државен секретар) , Кристоф Шонборн (архиепископ на Виена) и Жан- Луи Тората (претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог).

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.