2014-03-05 13:59:49

„Мојот Папа" прв неделник целосно посветен на Светиот Отец


„Мојот Папа" е првиот неделник во светот, целосно посветен на Светиот Отец, кој почнува да излегува од 5 март, објавено е од италијанската издавачка куќа Мондадори. Списанието е во боја и содржи слики со силно емотивно влијание. Неделникот ќе пишува за тоа како помина неделата на поглаварот на Католичката црква – неговите средби, говори, аудиенциите, со посебен акцент на молитвата Ангел Господов и Генералната аудиенција во среда, посветувајќи внимание и на пораките кои се карактеристични за понтификатот на папата Фрањо. Ќе има и статии, посветени на луѓе и факти кои се поттикнати од делата и зборовите на Папата, како и интересни факти и фотографии кои ќе ја покажат близина на Светиот Отец во неговите секојдневни постапки.

Идејата за списание, кое ќе говори и ќе ги пренесува зборовите и делата на папата Фрањо, се роди кога забележавме дека неговиот избор за Папа привлече внимание за етички, верски и морални теми", вели директорот на новото списание Алдо Виталиј. „Навистина нашиот Папата е појава, кој благодарение на својата емпатија и силните, храбари и директни пораки, успеа да ги освои сите, верници и неверници", истакнува Виталиј.

Читателите ќе можат да праќаат писма, стихови и друг вид на материјал, кои ќе бидат објавени во списанието. За читателите ќе има и подарок - постер на Светиот Отец, со најзначајните негови зборови од неделата и секој број ќе содржи животна приказна на папата Фрањо со илустрации, напишана од Тицијан Лупи, која ќе биде објавувана на делови, во форма на брошура која ќе може да се откине и зачува.

Во првиот број на "Мојот Папа" има и репортажа за прослава на првата година од понтификатот и посебно ДВД, кое ќе биде приложено во следното издание на списанието.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.