2014-02-25 11:57:14

Да се следи Исус не е „некоја идеjа“ туку „постојано престојување во куќата, Црквата


Да се следи Исус не е „некоја идеjа“ туку „постојано престојување во куќата“, Црквата, каде што Христос секогаш го води секој, исто така и оној кој се одделил – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија во капелата на домот Света Марта.

Во проповедта Светиот Отец го коментираше примерот од денешното Евангелие: фатено момче се валка по земјата, се запенува среде изненаденото и неподвижно мноштво, а неговиот татко се обраќа на Исус, молејќи го да го ослободи син му од нечистиот духот. Исус доаѓа, престанува вревата, а вознемирениот татко истапува од народот и против секоја надеж одлучува да се довери на Исус. А Исус поттикнат од јасната вера на таткото се сожали; го изгонува нечистиот духот, се наведнува над момчето, кое изгледало како мртво, и му помага да стане – потсети Папата.

Целата збрка и врева завршува со еден гест: Исус се наведнува, го зема детето. Овој Исусов гест нѐ поттикнува на размислување. Кога Исус оздравува, кога оди меѓу народот и оздравува некој човек, никогаш не го остава сам. Исус не е илузионист, волшебник, исцелител кој исцелува и оди понатаму: секого го враќа на неговото место, никого не го остава на патот. Тоа се многу прекрасни Господови гестови – истакна папата Фрањо.

А поуката е ова – објасни Папата – Исус секогаш нѐ враќа дома, никогаш не нѐ остава сами на патот. Евангелието е полно со вакви гестови. Воскреснувањето на Лазар, оздравувањето на ќерката на Јаир и враќањето во живот на синот на водовицата. И изгубената овца е вратена во стадото, а жената ја наоѓгуента пара – потсети Светиот Отец.

Затоа што Исус не дошол сам од Небото, Тој е Син на еден народ. Исус е ветување на еден народ, а неговиот идентитет е припадноста на тој народ, кој од Авраам оди кон ветеното. Тие Исусови гестови ни зборуваат дека секое исцелување, секое опростување нѐ враќа во нашиот народ, односно Црквата – објасни папата Фрањо.

Исус секогаш простува, а неговите гестови – продолжи Папата – стануваат „револционерни“ или „необјасниви“ кога неговото простување допира до оној кој „премногу“ се одделил, како цариникот Матеј или неговиот колега Закхеј. Освен тоа, повтори Папата, кога простува Исус секогаш враќа дома. Исус не може да се сфати без Божјот народ. Апсурд е да го љубиш Христа без Црквата, да го слушаш Христа, а да не ја слушаш Црквата, обединети, а секој пат кога Христос повикува некој човек го води во Црквата. Затоа е добро детето да се крсти во Мајката Црква – додаде Папата.

А по овие гестови ги сфаќаме овие големи Исусови нежности: дека нашата наука, да кажеме така, или нашето следење на Христос не е идеја, туку постојано престојување во куќата. А ако било кој од нас поради грев или заблуда – Бог знае – се оддели од куќата, спасот му е во враќањето во куќата; со Исус во Црквата. Тоа се знаци на нежност. Исус по име нѐ повикува во својот народ, во своето семејство и нашата мајка – Светата Црква. Да размислуваме за тие Исусови гестови – поттикна Папата завршувајќи ја проповедта.
РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.