2014-02-17 15:45:32

Папата го прими кипарскиот Претседател


На 15 февруари во Апостолската палата во Ватикан, папата Фрањо го прими кипарскиот претседател Никос Анастасијадис, кој потоа се сретна и со архиепископот Пјетро Паролин, Државен секретар, како и со архиепископот Доминик Мамберти, Секретар за односи со државите.

Откако во срдечниот разговор беа потврдени добрите односи помеѓу Светата Столица и Република Кипар, разгледани се некои теми од заеднички интерес, како што е позитивната улога на религијата во општеството, како и заштитата на верската слобода – се истакнува во соопштението од канцеларијата за печат при Светата Столица. Освен тоа со задоволство се истакнува продлжувањето на разговорите со цел да се најде заедничко решение за сегашната состојба на тој остров. На крајот – како стои во соопштението – изразаена е загрженост поради судирите и политичката нестабилност во блискиот регион и на Блискиот Исток, поради што трпи цивилното население, како и желбата христијанските заедници во разните земји да продолжат да го даваат својот допринос во изградбата на идната материјална и духовна благосостојба.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.