2014-02-15 10:05:44

Папата Фрањо до бугарските епископи: Црквата да биде мисионерска и во дијалог со православните


Папата Фрањо во четвртокот 13 февруари ги прими епископите од Бугарија кои се наоѓаат деновиве во Рим по повод нивната ad limina посета. Во своето обраќање до епископите, папата Фрањо ја искажа својата благодарност на Бога за напорот на целата Црква во Бугарија, со што се „покажува виталноста на католичката вера" во земјата.

Тој истакна повеќе иницијативи промовирани во последниве години, напонувајќи на 150-годишнината од унијата со Апостолската Столица; конференцијата за работата на Анџело Ронкали, подоцна Иван XXIII, кој служеше како Апостолски нунциј во Бугарија од 1925 - 1934 и 60-годишнината од мачеништвото на епископ Евгениј Босилков, кој беше убиен од страна на комунистичкиот режим во 1952 година.

Понатаму Светиот Отец истакна дека преку Крштението сме повикани да бидеме мисионери: „повикани од Господ да евангелизираме со радост и дух." Папата Фрањо ја потенцира, исто така и социјалната димензија на евангелизацијата, која за појдовна точка ја има Социјалната наука на Црквата, а приоритети се вклучување на сиромашните, ангажирање за општото добро и социјален мир. Во оваа смисла, тој рече дека е важно цивилните институции да ја препознаат моралната и духовна власт на Светата Столица, како и нејзиниот придонес за општото добро и напредокот на земјата.

Препознавајќи го „храброто сведочење и верноста кон Христос и Црквата“ ги повика епископите со заеднички напори да поттикнуваат образување на верниците, катехизација, посебно водејќи пасторална грижа за младите и духовните звања.

„Вашите заедници", рече папата Фрањо, „живеат и работат заедно со оние на Бугарската Православна Црква." Преку епископите, тој го поздрави православниот патријарх Неофит, кој во наредните денови ќе ја прослават првата годишнина од неговиот канонски избор. Светиот Отец ги повика епископите да го промовираат екуменскиот дијалог.

На крајот папата Фрањо зборуваше за претстојната канонизација на Иван XXIII и Иван Павле II. Двајцата папи, истакна тој, имаат врска со Бугарија - Иван XXIII бил Апостолски нунциј во Бугарија и Иван Павле II, првиот словенски папа кој ја посети Бугарија во 2002 година.

На крајот од своето обраќање, папата Фрањо ја довери Црквата во Бугарија и земскиот развој земјата на „Пресвета Дева Марија, Мајка на Црквата; на свети Кирил и Методиј, евангелизатори на словенските народи, и до блажениот епископ и маченик Евгениј Босилков.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.