2014-02-13 10:18:40

Италијанските католички аптекари застапуваат приговор на совеста


Во последната година во Италија се продадени 350.000 пилули „ден потоа“. Трендот на постојан раст ги поттикнува и аптекарите на размислување. Токму приговорот на совест кај аптекарите беше главна точка на седницата одржана во италијанскиот парламент овие денови. За потреба од закон кој се однесува на тој проблем, за Радио Ватикан зборуваше Пјеро Урода, претседател на Католичката унија на италијански аптекари и предупреди дека токму приговорот на совест сака да се ограничи на само неколку случаи.

Имаме права потврдени во Уставот, кои, како што претпоставуваме, секако дека ќе ни бидат признати во било каква судска расправа, бидејќи станува збор за неповрделиво човечко право. Но сакаме да постои посебен закон за тоа – истакна Урода. Закон за приговор на совеста во здравството е многу важен, и секоја држава треба да ја штити како би ја почитувала слободата и достоинството на оние кои се повикуваат на совеста, кај кои имено се препознаваат посебни етички вредности. Одбиваме да правиме некои работи, бидејќи се против човечкиот живот или пак се против неговото здравје.

Меѓу тие работи е и продажбата на пилулата „ден потоа“, бидејќи таа го убива ембрионот кој во тој момент има само едно право, право на живот, а тоа право противправно му се скратува по пат на пилули кои се земаат без никаков надзор и без проверка за штетноста, опасноста и проблемите кои може да ги предизивика. Поради тоа бараме закон кој ќе одреди дека аптекарот има право на приговор на совеста, без разлика на неговата положба, односно дали е општински аптекар, приватен, сопственик на аптека или вработен во неа - нагласи претседателот на Католичката унија на италијански аптеки.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.