Порака на Папата за Светскиот ден на средствата за информирање
Вистинската моќ на комуникацијата е „близината“ – истакна папата Фрањо во пораката
за 48. светски ден на средствата за информирање, кој се одбележува на 1 јуни, а која
е на 23 јануари претставена во Канцеларијата за печат на Светата Столица. Во пораката,
чија тема е „Комуникацијата во служба на вистинската култура на средба“, корисниците
на медиуми, Папата ги споредува со Добриот Самарјанин. Голем простор во пораката на
Папата е посветено на дигиталните средства; и тука – истакнува Папата –христијанинот
е повикан да го даде своето сведоштво, и да дојде до „периферијата на животот“.
Во
светот кој станува „сè помал“, меѓутоа во кој и понатаму постојат поделби и исклучувања,
медиумите можат да помогнат да се почувствуваме поблиски едни на други - папата Фрањо
појде од таа мисла во размислувањето во својата прва порака за средствата за информирање.
Културата на средба – забележа – бара од нас да бидеме спремни, не само да дадеме,
туку и да примаме од другите. Во тоа медиумите, и посебно интернетот, можат да ни
помогнат, давајќи ни поголема можност за средба и солидарност меѓу сите луѓе.
Иако
– предупреди Папата – има проблематични аспекти, меѓу кои најповеќе „брзината на информациите“,
која ја надминува нашата способност на размислување и суд. Комуникацискиот простор
може да ни помогне да растеме, или, напротив, да нè дезориентира. Впрочем, желбата
за дигитална поврзаност може да нè изолира од нашиот ближен, а не треба да се заборават
ни оние кои, од различни причини, немаат пристап до општествените медиуми, а со тоа
можат да бидат исклучени – напомена Светиот Отец.
Тие вистински ограничувања,
меѓутоа, не ги оправдуваат одбивањата на општествените медиуми туку нè потсетуваат
дека комуникацијата, на крај на краиштата, е повеќе човечки отколку технолошки успех
– истакна Папата и поттикна и на дигиталното подрачје да се врати одредена смисла
за опуштеност и смиреност. Потребно ни е исто така – напомена потоа – да бидеме трпеливи,
ако сакаме да го разбереме оној кој е поинаков од нас.
Личноста, имено, потполно
се манифестира, не кога таа едноставно се поднесува, туку кога знае дека навистина
е прифатена. Ако сакаме навистина да ги слушаме другите, ќе научиме исто така да гледаме
на светот со поинакви очи, и да го цениме човечкото искуство како што се покажува
во различните култури и традиции. Меѓутоа, ќе знаеме и повеќе да ги цениме големите
вредности вдахнати од христијанството; на пример гледањето на човекот како на личност,
бракот и семејството, разликата помеѓу верското и политичко подрачје, начелата на
солидарност и помош и други.
Како тогаш комуникацијата може да биде во служба
на вистинска култура на средба? И што за нас, христијаните, значи да сретнеме некоја
личност преку Евангелието? Како можеме, и покрај сите свои ограничувања и гревови,
да бидеме навистина блиски едни на други? На тие прашања папата Фрањо одговори со
приказната за Добриот Самарјанин, истакнувајќи ја димензијата на „близината“.
Кој
комуницира, имено, прави да биде близок. А Добриот Самарјанин – додаде Папата – не
само што станува близок, туку се грижи за тој полумртов човек на кој што наидува покрај
патот. Исус го менува тоа гледиште: имено, не станува збор за тоа другата личноста
да се препознае како слична на мене, туку за мојата способност да бидам сличен на
другиот. Мило ми е таа способност на комуникација да ја наречам „близина“ – истакна
Светиот Отец.
Продолжувајќи потоа со своето размислување за приказната за Добриот
Самарјанин, Папата истакна дека кога на комуникацијата главна цел е да ги поттикне
луѓето на потрошувачка или манипулација, се наоѓаме пред силен напад како оној на
човекот од приказната, нападнат и напуштен покрај патот. Денес постои опасност некои
медиуми толку да нè условуваат, да го занемариме својот вистински ближен. Не е доволно
едноставно да се поврзе на мрежа – додаде Папата – потребно е тоа поврзување да биде
проследено со вистинска средба, бидејќи не можеме да живееме сами, затворени во себе.
Потребно
ни е да ги сакаме другите и да бидеме сакани – напомна Светиот Отец. Потребна ни е
нежност. Не се комуникациските стратегии тие кои гарантираат убавина, доброта и вистина
на комуникацијата. Ни светот на медиумите не може да биде несклон за грижата за човештвото;
не мрежа од жици, туку луѓе – истакна Папата и додаде дека неутралноста на медиумите
е само привидна; само оној кој комуницира вклучувајќи се и себе може да биде потпора.
Личното вклучување е темел на веродостојноста на комуникаторот. Токму поради тоа христијанското
сведочење, благодарејќи на интернет мрежата, може да дојде до периферијата на животот.
Потоа,
Папата се осврна на дигиталните патишта кои – како што напиша – се преполни, често
со ранети луѓе; мажи и жени кои бараат спасение или надеж. Да се отвори вратата на
црквата значи да се отворат и на дигиталното подрачје, за да би влезеле сите луѓе,
меѓутоа и Евангелието да го помине прагот на храмот и да излезе во пресрет на сите
– истакна Папата и се запраша дали сме способни да ја сведочиме Црквата која е дом
на сите луѓе.
Христијанско сведоштво не се дава со бомбардирање со верски пораки,
туку со желба себе да се даруваме на другите – истакна Папата па, наведувајќи ја случката
од Емаус, објасни дека треба да се знае да се влезе во дијалог со денешните мажи и
жени, за да се сфатат нивните очекувања, сомнежи, надежи, и да им се пружи Евангелието.
Истакнувајќи
ја потоа димензијата на дијалогот, Папата напомена дека да се разговара со некој значи
да се биде уверен дека другата личност има нешто вредно за кажување; затоа треба да
ѝ се даде простор за нејзиниот став и предлози. Да се разговара не значи да се откажеш
од сопствените идеи и традиции, туку од уверувањата дека тие се единствени и апсолутни.
Сликата
за Добриот Самарјанин нека ни биде водич; нашата комуникација нека биде мирисно масло
за болката, и добро вино за радоста – напомена на крајот Папата и поттикна – Немојте
да се плашите да станете жители на дигиталниот простор. Многу е важно вниманието и
присутноста на Црквата во светот на комуникациите, со цел да се разговара со денешниот
човек и да се доведе на средба со Христос.