2014-01-22 10:09:00

Папата ќе се сретне со Барак Обама


Белата куќа денес објави вест дека папата Фрањо на 27 март ќе го прими на аудиенција американскиот претседател Барак Обама. Веста ја потврди патер Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светата Столица. Тоа ќе биде прва средба на сегашниот Папа со претседателот на САД. Веста за средбата на папата Фрањо со Барак Обама е објавена неколку дена по средбата во Ватикан помеѓу шефот на американската диполоматија Џон Кери и архиепископот Пиетро Паролин Државен секретар на Ватиикан.

РВ/го*ко









All the contents on this site are copyrighted ©.