Папата Фрањо: Да ја зачуваме својата понизност за дијалог со Божјото величие
Да ја зачуваме својата понизност за дијалог со Божјото величие – поттикна Светиот
Отец на светата Литургија на 21 јануари во домот Света Марта. Папата својата проповед
ја засноваше на зборовите „Господ“ и на „мали“ и кажа дека Бог со својот народ секогаш
има личен однос; однос човек – човек; личен однос со секој од нас и тоа никогаш не
е дијалог со мноштво. Господ избира мали; оние кои не се моќни затоа што гледа на
нашата понизност – рече папата Фрањо.
Секој член на народ има свое место. Никогаш
Господ не разговара со мноштво туку секогаш лично; по име. Исто така Он лично избира.
Извештајот за Создавњето ни овозможува да видиме дека тој истиот Господ кој со своите
раце го создава и обликува човекот и му дава име: „Ти си Адам“ и така започнува односот
помеѓу Бог и тој човек – кажа Светиот Отец и додаде – но, постои и еден однос помеѓу
Бог и нас малите: Бог, велик и ние, мали. Бог кога има некој да избира – па во случајот
и народ (не само луѓе) – секогаш избира мали, рече папата Фрањо.
Бог за свој
народ го избира „најмалиот“ народ; кој е најмалку моќен од околните народи. Помеѓу
Бог и човечката понизност постои дијалог; и Богородица вели дека Господ погледнал
на нејзината понизност. Господ избира мали, што јасно се гледа во првото денешно читање
– истакна папата Фрањо. Пророкот Самуел стоејќи пред најголемиот од Јесеевите синови,
мисли: „Секако овој е пред Господ помазаникот Негов!“ (1Цар. 16,6), затоа што го видел
неговиот углед и големина, но Господ му кажа: „Не гледај на лицето негово и високиот
негов раст; Јас го отфрлив. Јас не гледам така, како што гледа човек, зашто човек
гледа на лицето, а Господ гледа на срцето.“ (1Цар. 16,7) – нагласи Папата.
Бог
избира според свои критериуми и тоа слабите и кротките, за да ги засрами силните.
Господ на крајот го избра Давид, најмалиот на кој неговиот татко воопшто не ни сметал;
и „не бил дома“ туку „ги паси овците“ – кажа Папата и заклучи – а едноставно Давид
бил избран!
Сите ние по Крштението сме „избрани“ од Господ. Не бира еден по
еден; ни дава име; нѐ гледа нас и со нас води дијалог, затоа што така Бог љуби. И
Давид откако стана цар, погреши и направи можеби уште многу други гревови, но Библијата
ни дава два; оние тешките. Што направи на тоа Давид? – праша Папата – Се намали; се
врати на својата понизност и рече: грешник сум; побара простување и направи покора.
И
после вториот грев, Давид вели: „Казни ме мене, а не народот; не е виновен народот
туку јас.“ Давид ја зачува својата понизност, покајанието; со молитва и плачење. Да
размислуваме за овие работи; за овој дијалог меѓу Господ и нашата понизност; се прашувам:
каде е христијанската верност? – рече Светиот Отец.
Христијанската верност,
нашата верност е во тоа да ја сочуваме нашата понизност за да може со Господ да разговараме.
Поради тоа понизноста, благоста и кроткоста се толку потребни во животот затоа што
се чувари на понизноста, на која и прилега да го гледа Господ. Господ по заговорот
на свети Давид и исто така по заговорот на Богородица нека ни подели милост да ја
сочуваме пред Него својата понизност – рече на крајот Светиот Отец.