Божјата љубов ги поправа нашите грешки, нашата грешна историја, бидејќи Господ никогаш
не нè напушта, ниту тогаш кога не ја сфаќаме Неговата љубов – рече Светиот Отец во
проповедта на 13 јануари на светата Литургија во домот Света Марта.
Исус ги
повикува Петар, Андреј, Јаков и Иван: рибареа, меѓутоа веднаш ги оставија мрежите
и Го следеа. Коментирајќи го денешното евангелие, Папата истакна како Господ сака
да ги подготви своите ученици за нивното ново послание. Божја особина е да Ги подготвува
патиштата... да подготвува нов живот, за секој од нас. Тој нас нè прави христијани
преку спонтаното раѓање: Тој подготвува! Отсекогаш Го подготвува нашиот пат, нашиот
живот – рече Папата.
Изгледа дека Симон, Андреј, Јаков и Иван тука се конечно
избрани, така беа избрани. Меѓутоа тогаш не беа конечни верници. Грешеа после изборот,
на Господ му изнесува нехристијански предлози: го затаија Господ! Петар тоа го направи
изрично, а другите од страв: се престрашија и Го напуштија. Господ подготвува, а потоа,
после Воскресесението, мораше да продолжи со подготовката сѐ до Духовден. Но и после
Духовден некои од нив грешеа – Петар, на пример, погреши, а Павле мораше да го поправа.
Меѓутоа Господ подготвува – повтори папата Фрањо.
Господ така нè подготвува
од поколение во поколение. А кога работите не одат добро, Тој се вмешува во историјата,
ја средува состојбата и оди со нас. Да се осврнеме на Исусовата генеалогија: овој
го роди овој, а тој го роди оној, тој пак друг... Во тој попис на историја се наоѓаат
грешници и грешнички. А како тоа Господ го направи? Се вмеша, го исправи патот, ги
среди работите. Да помислиме на големиот Давид, голем грешник, а потоа голем светец.
Господ знае! Кога Господ ни вели дека нè љуби со вечна љубов, тогаш мисли на тоа.
Господ отсекогаш мисли на нас, на секој поединец – објасни Светиот Отец.
Со
задоволство размислувам за тоа како Господ се чувствува како брачен пар кој очекува
дете. Секогаш нè чека во нашиот живот и нè прати низ историјата. Тоа е вечната Божја
љубов: вечна, стварна и делотворна, бидејќи Тој ја создава историјата и за секого
подготвува пат. Тоа е љубовта на Бог, Кој отсекогаш нè љуби и никогаш не нè остава.
Да Го молиме Господ да ја запознаеме нежноста на Неговото срце. Тоа е чин на верата
и не е лесно во тоа да се верува – истакна Папата додавајќи:
Бидејќи нашиот
рационализам ни вели: како тоа Господ од толку личности мисли токму на мене?! За мене
подготви пат?! Преку нашите мајки, баби, татковци, дедовци и прадедовци... така прави
Господ. И тоа е Неговата љубов: стварна, вечна и делотворна. Да молиме за милост да
ја сфатиме Божјата љубов. Никогаш не се сфаќа потполно. Ја чувствуваме, плачеме поради
тоа, меѓутоа во овој живот не може да се сфати. А тоа ни говори колкава е Неговата
љубов. Господ отсекогаш нè подготвува, оди со нас, подготвувајќи ги другите. Секога
е со нас. Да молиме за милост за разбирање на таа голема љубов – поттикна на крајот
папата Фрањо.