2014-01-06 14:13:07

Папата Фрањо: И Словото стана Тело и живееше меѓу нас


Раѓањето Исусово ни ја покажува Божјата волја да се соедини со секоја човечка личност; со секого од нас, за да ни го објави својот божански живот и својата радост – рече Светиот Отец на почетокот на своето обраќање на собраните верници на плоштадот Свети Петар во Рим на молитва Ангел Господов.

Литургијата во ова недела, во воведот на Иван повторно ни го донесува најдлабокото значање на Исусовото раѓање. Он е Божјо Слово, стана човек кој меѓу нас го распнал својот шатор, како свое живеалиште меѓу луѓето. Евангелистот пишува: „Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето.“ (Иван 1,4) „И словото стана Тело и живеше меѓу нас“ (сп. Иван 1, 4). Во овие зборови кои не престануваат да нѐ чудат, е содржано целото христијанство!

Бог се направи смртен и како нас кревок; ја презема нашата човечка состојба освен гревот, а на себе ги презема нашите гревови, како да се негови, и влезе во нашата историја и во потолност стана Бог со нас! – рече Папата. Исусовото раѓање ни ја покажува Божјата волја да се соедини со секоја човечка личност; со секој од нас, и така да ни го објави својот (божански) живот и својата радост.

Така е Бог, „Бог со нас“; Бог кој нас нѐ љуби и оди со нас. Со тоа Божиќ ни ја открива неограничената љубов Божја кон човештвото. Оттаму и ентузијазмот и надежта на нас христијаните, во своето сиромаштво да знаеме дека Бог нѐ љуби, оди и нѐ следи; и светот и историјата ја гледаме како место и време во која сме задно со Него и едни со други, одиме кон ново небо и нова земја – рече папата Фрањо и додаде:

Со Исусовото раѓање родено е едно ново ветување; не е роден само еден нов свет, туку и свет кој постојано може да се обновува. Бог е постојано присутен за да „возбуди“ нови луѓе, свет чист од гревот кој го прави стар и кој го расипува. Во поглед на нашата човечка историја и историјата на секого од нас, која може да биде обележана со тешкотии и слабости, верата во Овоплотувањето ни кажува дека Бог е со човекот и со неговата историја солидарен. Ова Божја близина со човекот, на секоја човечка личност; на секого од нас; е дар кој никогаш не си оди! Он е со нас; Он е „Бог со нас“ и ова близина никогаш не престанува – повтори папата Фрањо. Ете, радосно божиќно навестување: Божанска светлост, која го исполнил и срцето на Марија и Јосиф, и ги управува чекорите на пастирите и мудреците – и денес на нас ни блеска.

Во тајната на Овоплотувањето на Синот Божји постои и еден видик поврзан со човечката слобода; со слободата на секој од нас. Всушност, Словото Божјо подигна шатор меѓу нас, грешниците и оние кои им е потребно милосрдие. Сите би требало да побрзаме и да ја примиме милоста која Он ни ја нуди. Инаку – како се чита во Евангелието – „Своите не Го примија“ (Иван 1,11). И ние многу пати го одбиваме и повеќе остануваме во затвореноста на нашите грешки и во вознемиреноста на нашите гревови. Но, Исус не престанува и не малаксува да ни се нуди Себе и својата милост која нѐ спасува! Исус е трпелив и знае да чека – секогаш нѐ чека. Тоа е порака на надеж, на спасение; древна и секогаш нова. И повикани сме со радост да ја сведочиме ова порака на Евангелието на живот, светлост, надеж и љубов, затоа што Исусовата порака е ова: живот, светло, надеж, љубов – рече Папата.

„Маријо, Мајко Божја и наша нежна Мајко – молеше Светиот Отец – подржувај нѐ секогаш, за да останеме верни на христијанскиот повик и за да ги оствариме праведните и мироносни желби кои во себе ги носиме на почетокот на ова нова година.“ После молитвата Ангел Господов, Папата на присутните им ја даде следната најава: „Браќа и сестри, во атмосфера на радост, типична за ова божиќно време, сакам да ви објавам дека од 24 до 26 мај, ако е волја Божја ќе одам на ходочастие во Светата Земја. Главниот момент е сеќавање на историската средба на папата Павле VI и патријархот Атенагора, која се случи точно на денешен ден, 5 јануари пред 50 години. Ќе посетам три места: Аман, Витлеем и Ерусалим. Три дена. Кај Светиот Гроб ќе славиме екуменска средба со сите претставници на ерусалимските христијански цркви, заедно со цариградскиот патријарх Вартоломеј. Од сега од вас барам да молите за ова ходочастие, кое ќе биде молитвено ходочастие.“

Папата рече дека од многу верници, во последните неколку недели, примил честитки за Божиќ и Нова година. „Би сакал, но е невозможно на сите да одговорам! Затоа сакам од срце прво да се заблагодарам на децата за нивните прекрасни цртежи. Благодарам и на младите, старите, семејствата и на парохиските и монашките заедници; благодарам на бројните здруженија, движења и различни групи кои сакаат да ми искажат срдечност и близина. Од сите барам да молат за мене затоа што тоа ми е потребно, како и да молат за ова служење на Црквата. Светиот Отец на крајот срдечно ги поздрави со својот вообичаен поздрав сите ходочасници, кои без обзир на дождот кој врнеше, се собраа на плоштадот Свети Петар.
РВ/Д.И.











All the contents on this site are copyrighted ©.