2014-01-02 10:24:13

Проповед на папата Фрањо: Марија е Богородица


Мајка Божја или Богородица е првенствена и важна титула на Марија – е една од мислите на папата Фрањо за време на проповедта на светата Литургија во базиликата Свети Петар во Рим, а по повод празникот Богородица, 1 јануари.

Во првото читање повторно ни се дава древна молитва за благослов која Бог му ја предложи на Мојсеј за Арон и неговите синови: да те благослови Господ и да те чува! Да погледне милозливо кон тебе Господ со светлото Свое лице на тебе и да те помилува; да го сврти Господ кон тебе лицето Свое и да ти даде мир!’ (сп. 4 Мојсеева 6,24-26) – рече Папата.

Колку е важно на почетокот на оваа година повторно да се слушнат овие зборови на благослов! Тие ќе нѐ следат во нашето чекорење низ времето кое пред нас се отвора. Тоа се зборови со сила, охрабрување и надеж. Тоа не е некоја илузорна надеж, темелена на лесни човечки ветувања; ниту пак станува збор за наивна надеж која замислува некое подобро утре, едноставно затоа што е во иднината. Оваа надеж својот темел го има во Божјиот благслов, кој во себе содржи нешто повеќе; желбата на Црквата за секој од нас, исполнета со заштита на Господовата љубов и неговата провидна помош – истакна Папата.

Содржината на овој благолсов потполно се исполни во една жена – Марија – одредена да биде Мајка Божја (...) Богородица! Тоа е првенствената и важната титула на Марија. Станува збор за квалитетот и улогата која христијанскиот народ ја сфаќа во својата нежна и искрена побожноста кон Богородица – појасни Светиот Отец.

Да се потсетиме на историскиот час на Првата Црква – Соборот во Ефес – кога е донесена догмата за девственото Божјо мајчинство, вистина која свој оддек има и во Рим, каде по кратко време е подигната базиликата Пресвета Богородица Велика, прво Богородично светилиште во Рим и целиот Запад, каде се почитува иконата Богородица - Спасение на римскиот народ. Се збороува дека за време на соборот, жителите на Ефес се собирале пред базиликата, во која се собирале епископите и викале: Богородица! Со тоа верниците барајќи оваа титула да биде официјализирана, покажуваа дека го признаваат нејзиното Богомајчинство. Тоа е спонтан и искрен став на синовите, кон нивната Мајка, бидејќи бескрајно и нежно ја љубат. Но тоа е и чувство на верата (sensus fidei) на светиот Божји народ, кој во своето единство никогаш не греши.

Mарија отсекогаш се наоѓа во срцата, во почитувањето и посебно ви чекорењето на христијанскиот народ. „Црквата оди низ времето... и во тоа одење го следи патот кој го остави Девица Марија (сп. Иван Павле II, енциклика. „Redemptoris Mater“, 2). Нашиот пат на вера е идентичен со оној на Марија – рече папата Фрањо – поради тоа чувствуваме дека ни е посебно блиска. Што се однесува до верата, која е темел за христијанскиот живот, Богордица со нас ги дели околностите во кои живееме; требаше да помине по патеките по кои ние поминуваме, понекогаш тешки и мрачни, требаше да напредува во ходочастието на верата (сп. Втор Ватикански собор, ЛГ, 58).

На својот пат на вера ние сме нераздвојно поврзани со Марија, во часот кога Исус умираше, ни ја даде за Мајка, говорејќи: „Ево ти син“ (сп. Iv 19,27). Овие зборови имаат тежина на оставштина преку која на светот му се дарува една Мајка. Од тој час Богородица стана наша Мајка. Во часот во кои верата на учениците поради бројните тешкотии ослабнува, Исус нѐ доверува на Онаа која прва поверува и чија вера ниту во еден час не ослабе – истакна папата Фрањо.

И „жената“ стана наша Мајка, во моментот кога го изгуби својот божествен Син. Нејзиното рането срце се шири за да направи место за сите луѓе; добри и лоши – за сите – и ги љуби на истиот начин, како што ги љубеше Исус. Жената која на свадбата во Кана Галилејска соработува во верата за да се објават делата Божји во светот, на Голгота го чува пламенот на верата во воскресението на својот Син и мајчински срдечно го предава на други – реле Светиот Отец и додаде:

На тој начин Марија стана извор на надеж и вистинска радост! Мајката на Откупителот постојано ни претходи и нѐ зацврстува во верата. По нејзиниот пример на понизност и по нејзиното прифаќање на Божјата волја, ни помага верата да ни биде радосна и неограничено навестување на Евангелието. Така нашето послание ќе биде плодно, бидејќи се темели на мајчинството на Марија. На неа да и го довериме своето одење во верата, желбите на своето срце, своите потреби и потребите на целиот свет, а посебно гладта и жедта за праведност, за мир и за Бог; и сите заедно три пати да и се обратиме, повикувајќи ја: Света Богородице!

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.