Пораката на папата Фрањо за Светскиот ден на мирот
Без братство не е возможно да градиме праведно општество и траен мир, истакнува папата
Фрањо во својата прва порака за Светскиот ден на мирот, кој се одбележува првиот ден
во новата година. Темата на пораката е „Братство – темел и пат за мир“. Папата во
пораката упатува искрена желба, оние кои сеат насилство и смрт да се откажат од оружјето
и ја разобличува корупцијата и организираниот криминал.
Откажете се од оружјето
и појдете кон другиот со дијалог, простување и помирување за да градите праведност,
доверба и надеж околу вас, порачува Папата на оние кои „со своето оружје сеат насилство
и смрт“. Папата додава: „Повторно откријте во оној кој го сметате за непријател, кој
треба да го убиете, (откријте го) својот брат и запрете ја раката.“ Светиот Отец повикува
на „преобраќање на срцата“ и упатува силен апел на „општо разоружување, почнувајќи
од нуклеарно и хемиско разоружување“.
Рамка на документот е темата за братство,
„важна димензија на човекот“, без кое не е можно да градиме праведен мир и цврст и
траен мир. Братство кое нема пред очите еден заеднички Отец, како свој последен темел,
нема да опстане затоа што вистинското братство претпоставува и бара „трансцедентално
татковство“. Коренот на братството е содржан во Божјото татковство, татковство кое
раѓа братство и кое го преобразува нашиот живот. На тој „повик“ на братство денес
често се спротиставува „глобализација на рамнодушноста“ во која полека се навикнуваме
на трпење на другиот и затварање во самите себе. Вооружените конфликти, пишува понатаму
Папата, додаваат помалку видливи, но не и помалку сурови војни кои се водат на економско
и финанскиско поле со исто такви разорни средства со кои се уништуваат животи, семејства
и бизниси.
Папата се осврна и на моменталната економско – финансиска криза
и нејзината причина ја гледа во постепеното одделување на човекот од Бог и ближниот,
во алчноста за материјални добра и осиромашување на односите помеѓу луѓето и во заедницата.
Папата истакнува дека низите економски кризи мора да доведе до тоа да се преиспитаат
моделите на економски развој и до промена во начинот на живот. Уште повеќе, сегашната
криза може да биде поволна пригода луѓето да се вратат на крепостите на мудроста,
умереноста, праведноста и силата.
Папата силно ја разобличува корупцијата и
организираниот криминал. Политичката заедница, предупредува Папата, мора да делува
на транспарентен и одговорен начин за да создаде мир во општеството. Граѓаните кора
да се почувствуваат претставувани од јавните власти во почитување на нивните слободи.
Во спротивно односите меѓу граѓаните и институциите се јавува едностан интерес кој
го нагрдува тој однос, што погодува создавање на трајна атмосфера на конфлик. На крајот
во пораката Папата повикува на чување на природата и упатува апел против „соблазата“
глад во светот. Природните добра нека се користат така што никој да не гладува, порачува
Папата во пораката.