2013-12-28 10:42:09

Почесниот папа Бенедикт XVI на ручек кај папата Фрањо


Почесниот папа Бенедикт XVI денес, 27 декември го посети домот Света Марта, каде што заедно со папата Фрањо се најдоа на заеднички ручек. Папата Фрањо за време на посетата на почеснииот папа Бенедикт XVI пред празникот Рождество Христово го покани на заеднички ручек во овие празнични денови. Покрај секретарите на ручекот учествуваа секретарот за односи со државите, архиепископот Доминик Мамберти и монс. Брајан Велс, советник за Општи работи на Државниот секретаријат.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.