2013-12-26 11:24:13

Папата Фрањо упати порака до Светот и Градот


Папата Фрањо денес во дванаесет часот се појави на централниот балкон на базиликата Свети Петар за да го подели традиционалниот благослов на градот и светот (Urbi et orbi), поздравувајќи ги присутните со својот вообичаен поздрав: добар ден, а потоа се обрати на светот.

„Слава на Бога во висините, а на земјата мир меѓу луѓето добра волја!“ (Лука 2,14). Драги браќа и сестри во Рим и во светот – среќен Божиќ! Ја присвојувам песната на ангелите со која во ноќта кога се роди Исус и навестија на витлеемските пастири. Таа песна ги соединува небото и земјата, упатувајќи на небото благодарност и слава, а на луѓето на земајата желба за мир.

Ги повикувам сите да се придружат на ова песна: ова е песна за секој маж и за секоја жена која бдее во ноќта; кои се надеваат за подобар свет; кои се грижат за другиот настојувајќи понизно да ја вршат својата должност.

Слава на Бога! На тоа нѐ повикува најпрво Божиќ: да го славиме Бог, затоа што е добар, верен и милосрден. Денес посакувам сите да го препознаат вистинското лице на Бог Отец, кој ни го дарува Исус. Сакам сите да почувствувате дека Бог е во близина; да живеете во неговата присутност; да го љубат и слават, и секој од нас може да го слави Бог во животот, и тоа живот потрошен љубејќи го Бог и ближниот.

Мир на луѓето. Вистинскиот мир не е рамнотежа помеѓу спротивставени сили. Не е некоја убава „фасада“, под која се наоѓаат спорови и поделби. Мирот е секојдневно заземање кој се пренесува најнапред, почнувајќи од Божјиот милосрден дар, во Исус Христос.

Гледајќи Дете во шталата, да помислиме на децата кои се најранливи жртви на војни, но да мислиме и на старите: на злоупотреба на жени, на болни... Војните уништуваат и рануваат многу животи! Конфликтот во Сирија во последно време уништи многу распространувајќи ја омразата и осветата. Да го молиме Господ да го поштеди саканиот сириски народ од нови страдања и завојуваните страни да го запрат секое насилство и да го гарантираат пристапот на хуманитарна помош. Видовме колку е моќна молитвата! Задоволен сум што во нашата молитва за мир во Сирија се придружија и верници од различни вероисповеди. Никогаш во молитвата да не ја изгубиме храброста за даму кажеме на Бог: Господи, дај го својот мир во Сирија и во целиот свет. И оние кои не веруваат, повикувам да сакаат мирот, да го сакаат со сето срце, сите сложно да бараме мир.

Подари мир на Централноафриканската Република, која луѓето често ја забораваат. Ти Господи, не забораваш никого. Сакаш да донесеш мир и во таа земја, растргната од насилство и беда, каде многу луѓе се без дом, вода и храна, без основни средства за преживување. Поттикни на едногласност на оние во Јужен Судан, каде сегашните тензии предизвикаа разни жртви и се закануваат мирољубив соживот во таа млада држава.

Ти, Кнезу на мирот, насекаде обрати го срцето на насилните да го остават оружјето и да тргнат по патот на дијалогот. Погледни на Нигерија, растрганата од постојани напади кои не ги штедат ниту невините, ниту невооружените. Благослови ја ја земјата која си ја одбрал за да дојдеш на светот, доведи до среќен завршеток на мировните преговори помеѓу Израелците и Палестинците. Исцели ги раните на Ирак каде често атентатори сѐ уште го погодуваат. Ти Господару на животот, заштити ги сите прогонети поради своето име. Подари надеж и утеха на емигрантите и бегалците, посебно оние на територијата на Афричкиот Рог и на истокот на Демократската Република Конго. Направи емигрантите во барањето на достоен живот да најдат прифаќање и помош. Повеќе да не се случуваат трагедии, кои ги видовме ова година, со бројни жртви на Лампедуса!

О Витлеемско Дете, допри ги срцата на сите кои се занимаваат со трговија на луѓе, да ја сфатат тежината на тоа зло против човечноста. Сврти го својот поглед на бројните деца, кои се киднапирани, кои се ранети и убивани во вооружените конфликти, и оние кои работат и им го крадат детството.

Господару на небото и земјата, погледни ја ова наша планета, која човечката алчност и грабежливост често неразумно ја искористуваат. Помогни и заштити ги сите кои се жртви на природни катастрофи, посебно саканиот филипински народ, кој од неодамна е погоден од тајфун.

Драги браќа и сестри, денес во овој свет, во ова човешто е роден Спасител, Христос Господ. Да застанеме пред Витлеемското Дете. Да дозволиме нѐ допре во срцето; да не се плашиме од тоа; од срце со емоции – да дозволиме да го згрее Божјата нежност; потребни ни се неговите милувања. Бог е голем во љубовта – Нему слава и чест секогаш.

Бог е мир: да Го молиме секојдневно да ни помага во изградување на тој мир, во нашиот живот; во нашите семејства; во нашите градови и народи; во целиот свет. Да дозволиме да не допре Божјата добрина – поттикна Светиот Отец на крајот од говорот. По поделувањето на потполниот опрост, Папата на присутните ходочасници, на плоштадот Свети Петар им го честита Бижиќ

На вас, драги браќа и сестри, кој на овој плоштад стигнавте од сите краеви на светот и кои во многу земји сте поврзани по патот на средствата за информирање ви посакувам Среќен Божиќ! На овој ден, осветлен со евангелска надеж која извира од скромната Витлемска пештера, повикувам на божиќен дар на милости и мир на сите: на деца и стари; на семејства и млади; на сиромашни и маргинализирани. Исус, роден поради нас, нека ги утеши сите кои се во искушение на болести и страдања; нека ги подржи оние кои се даруваат во служење за потребите на браќата. Среќен Божиќ – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.