Со вас деца, Исус секогаш е поврзан, секогаш е со вас – рече Светиот Отец во сабота
21 декември посетувајќи ја римската детска болница Детето Исус (Bambino Gesu), каде
што се сретна и поздрави со малите пациенти, нивните родители и вработените во болницата.
Кога стигна пред болницата го пречекаа околу четири илјади луѓе. Папата Фрањо е петти
Папа кој ја посетува оваа болница, откако таа во 1924 е поколнета на Светата Столица.
Изненадувајќи ги присутните, Папата се откажа од подготвениот говор за да се сретне
преку директни контакти со болните деца и нивните родители.
Средбата која траеше
три часа, беше одбележана со насмевка на Светиот Отец, неуморен, кој се наведна над
секое дете, не изоставајќи ниту едно, и кој после, од капелата на болницата, таа насмевка
ја претвори во кратки и директни зборови, токму така како што тоа го сака самиот папа
Фрањо: зборови на вистина, постојани како верата од која произлегуваат. Посебно со
вас деца, Исус има посебен однос, секогаш е со вас – истакна Светиот Отец.
Како
светецот чие име го избра, Папата го проповеда Евангелието со својата личност и само
ако е потребно користи и зборови. Во капелата на болницата папата Фрањо беше пречекан
од триесетина деца кои боледуваат од најразлични облици на тумор. Ви благодарам за
вашите соништа и молитвите собрани во оваа кошница која ми ја дарувате – рече Светиот
Отец, примајќи ја кошницата полна со писма и пораки од децата. Заедно да ги принесеме
на Исус, Тој најдобро ги познава нашите потреби. Тој знае што се наоѓа во длабочините
на нашите срца – нагласи Папата.
По говорот на управителот на болницата, Светиот
Отец го занемари микрофонот подготвен за подготвениот говор. Пред него се наоѓаа луѓе
кои страдаат и чиј болки требаше да се ублажат, па така за него не постоеше двоумење
за што да се одлучи: болните или протоколот.