2013-12-20 09:22:35

Генерална аудиенција во среда: Исус е Бог – со нас


Драги браќа и сестри, добар ден!
Ова наша средба се одвива во духовната атмосфера на адвент, уште поголем интензитет дава деветницата, во која се наоѓаме овие денови и која нѐ води до божиќните празници. Затоа сакам денес со вас да размислувам за празникот Раѓање Исусово, празник на доверба и надеж, кој ги надминува несигурноста и песимизмот. А причината на нашата надеж е ова: Бог е со нас и Бог секогаш верува во нас! Запамтете добро: Бог е со нас и Бог секогаш верува во нас. Колку е великодушен Бог Отец! Он доаѓа да живее со луѓето, избира земја како свое живеалиште за да биде заедно со човекот и да може човекот да го сретнува, каде што ги поминува своите денови на радости и жалости. Затоа земјата не е само „долина на солзите“ туку и место каде што самиот Бог си поставил свој шатор, место на средба на Бог со човекот, солидарност на Бог со луѓето.

Бог сакал да ја сподели со нас нашата човечка состојба до таму што стана еден од нас во Исусовата личност, кој е вистински човек и вистински Бог. Но, тука има нешто што уште повеќе изненадува. Божјата присутност меѓу луѓето не се остварила на идеален, идиличен начин, туку во овој реален свет, означен со толку добри и лоши работи, означен со поделби, зло, сиромаштво, надуеност и војни. Он избрал да живее во нашата историја таква каква што е, со целата тежината на нејзините граници и нејзините драми. Така ја покажал на ненадминлив начин својата милосрдна наклонетост полна со љубов кон човечките битија. Он е Бог со нас, Исус е Бог со нас. Верувате ли вие во тоа? Да го исповедаме сега заедно тоа: Исус е Бог со нас! Исус е Бог со нас секогаш и засекогаш е со нас во трпењето и во болката на историјата. Исусовото раѓање е согледување дека Бог „запрел“ еднаш засекогаш на страната на човекот, за да нѐ спаси, одново да нѐ дигне од пепелта на нашите беди, нашите неволји, нашите гревови.

Оттаму доаѓа големиот „дар“ витлемското дете: тоа ни носи духовна сила, сила кој ни помага нашите напори, нашите очајувања, нашите жалости да не соборат, но донесува прекрасна вест дека сме бескрајно љубени и дека сите посебно нѐ љуби Бог, а таа љубов не само што ни помога да го запознаеме него туку и она ни го дарува, таа не поврзува со Него!

Од радосните таинства за размислување за Синот Божји роден за нас, можеме да извлечеме два заклучоци.

Првиот е ако Исусовото раѓање Бог го објавува не како оној кој е високо над нас и како владател на вселената, туку како оној кој се спушта, слегува на земјата мал и сиромашен, значи ние ако сакаме да бидеме слични на него не смееме да се поставуваме над другите, туку многу повеќе да бидеме понизни, да се ставиме во служба на другите, да бидеме мали со малите и сиромашни со сиромашните. Но е многу лошо кога некој верник не сака да биде понизен, кога не сака да служи. Христијанинот кој насекаде се истакнува е грд: тој не христијанин, тој е паганин. Христијанинот служи, се понижува. Да не дозволиме тие наши браќа и сестри никогаш да се чувствуваат дека се сами.

Втората последица: ако Бог, преку Исус се поврза со човекот до таа мера што стана како еден од нас, тоа значи дека ако нешто сме направиле на некој брат или сестра Нему сме му го направиме. Тоа ни го повикува во совеста самиот Исус: кој нахранил, прифатил, посетил, љуби еден од најмалите и најсиромашните меѓу луѓето, го направил тоа на Божјот Син.

Да се довериме на мајчинското застапништво на Марија, Исусова и наша мајка, да ни помогне на овој свет Божиќ кој е сега веќе близу, да препознаеме во лицето на нашиот ближен посебно во најслабите и најмногу маргинилизираните луѓе слика на овоплотениот Син Божји.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.