2013-12-16 09:08:16

Папата на Ангел Господов: Бог доаѓа да не спаси и брза да ни помогне


Драги браќа и сестри денес е трета недела од адвент која се нарекува и Гаудете, недела на радоста. Во литургијата одново одекнува повикот на радување, на веселба, затоа што Господ е близу. Црквата како некоја мајка нè поттикнува да продолжиме со доверениеот духовен пат кој води со ново воодушевување да го славиме празникот Божиќ. Христијанската порака се вика „Евангелие“ односно „Радосна вест“ навестување на радост за сиот народ!

Но радоста на Евангелието не е било каква радост. Наоѓа своја причина во свеста дека Бог нè прифаќа и нè љуби. Како што денес нѐ потсетува пророк Исаија (35, 1-6a.8a.10), Бог доаѓа да не спаси и брза да ни помогне посебно на изгубените. Неговото доаѓање меѓу нас нè зајакнува, нè подигнува, ни дава храброст, дава да процветат пустината и степата односно нашиот живот кога станува сув, без водата на Божјото Слово и Неговиот Дух на љубовта. Колку и да се големи нашите ограничувања и нашата изгубеност не ни е допуштено да бидеме слаби и непостојани во невољите и сопствените слабости. Напротив, повикани сме да зајакнеме, да имаме храброст и да не се плашиме, затоа што нашиот Бог секогаш ја покажува големината на своето милосрдие. Благодарејќи на неговата помош можеме секогаш да почнеме од ново: а како да почнеме од почеток? Некој може да ми каже: „Не, оче на душата носам големи гревови... Голем грешник сум, голема грешница... Јас просто не можам да почнам од ново!“ Грешиш! Ти можеш да тргнеш од почеток! Зошто? Затоа што Он те чека, Он ти е близу, те љуби, Он е милосрден. Он ти простува, Он ти дава сила повторно да тргнеш од почеток! На сите! Можеме повторно да ги отвориме очите да ја победиме жалоста и тагата и да запееме нова песна. А таа радост не може ни минута да биде во искушение, ниту во трпење затоа што не е површна, туку зафаќа длабоко во човекот кој се доверува во Бог и верува во Него.

Христијанската радост, како надеж има свој темел во верноста на Бог, во сигурноста дека Он ги исполнува секогаш своите ветувања. Пророк Исаија ги повикува оние кои се отстраниле од правиот пат и ги обеземала обесхрабреност да се доверат во Господовата верност, затоа што неговата верност нема да задоцни да го зафати нивниот живот. Сите кои го сретнале Исус на својот пат, чувствуваат во срцето ведрина и радост која никој не може да им ја одземе. Нашата радост е Христос, неговата верна и неисцрпна љубов! Затоа кога некој христијанин ќе стане жалосен тоа значи дека се одделил од Исус. Но не треба да го оставиме сам! Мораме да молиме за него и да му дадеме да ја почувствува топлината на заедницата.

Нека Дева Марија ни помогне итно да побрзаме кон Витлеем за да го сретнеме Младенецот кој се роди за нас, како спасение и радост за сите луѓе. Нејзе ангелот и рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!“ (Лк 1,28). Нека Таа ни измоли да ја живееме радоста на Евангелието во семејството, на работното место, во парохијата и на сите места. Тоа е длабока нежност, полна со чуда и нежности. Тоа е она нежност која ја чувствува мајката кога го гледа своето што туку родено дете и чувствува дека тоа е Божји дар, чудо за кое треба да заблагодариме.

По Ангелот Господов
Драги браќа и сестри,
Денес првиот поздрав е резервиран за децата од Рим кои дојдоа на традиционалниот благослов на „статуата на малиот Исус“ кој го организира Центарот Оратори Романи. Драги деца кога ќе молите пред своите јасли, сетете се исто така и на мене, како што јас во молитвата се сеќавам на вас. Ви благодарам и среќен Ви Божиќ!
На сите ви посакувам пријатна недела!

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.