2013-12-11 11:42:40

Папата Фрањо: Гладот е соблаза на овој свет


Папата Фрањо даде „полна поддршка“ на Кампањата против гладот во светот, која Каритас на 10 декември Интернационалис во Рим ја претстави по повод Светскиот ден на човековите права на тема „Едно човечко семејство – храна за сите“.

Во својата порака, Папата гладот го нарекува „соблаза на овој свет“ и потсетува дека околу една милијарда луѓе сѐ уште гладуваат. Не можеме да ја свртиме главата на другата страна и да се правиме дека тоа не постои. Храната со која светот располага доволна е сите да се прехранат, порача Папата. Ако постои волја, она што го имаме нема да се исцрпи, напротив ќе има и вишок на храна и таа нема да се фрла, истакна Папата, па потсети на правото на сите, кое им го даде Бог, да имаат адекватна прехрана.

Да го делиме она што го имаме во духот на христијанската љубов со оној кое е присилен да се соочува со многубројни препреки за задоволување на така основната потреба и истовремено да бидеме промотори на вистинската соработка со сиромашните, за да можат преку плодовите на својата и наша работа да живеат достоинствен живот, порачува Папата.
РВ/С.С.








All the contents on this site are copyrighted ©.