2013-12-11 11:39:56

Година на семејство во Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија


Во понеделник 9 декември во просториите на парохијата Успение на Пресвета Богородица - Струмица се одржа состанок на свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија, кој го предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија.

Во првиот дел од средбата се говореше за Година на верата и спроведените активности во парохиите во текот на таа година.

Во продолжение на состанокот Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов ја истакна важноста на семејството за пренесување на верата во контекст на новата евангелизација, поради што во Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија ќе биде прогласена Година на семејството. На 8 јануари 2014 година на вториот ден од празникот Рождество Христово и празникот Собор на Пресвета Богородица (Свето Семејство) со света Литургија во Радово официјално ќе започне Година на семејството во Апостолскиот егзрхат во Македонија.

На состанокот беше презентирана и програмата за Година на семејството, како насоките за спроведување на истата. Свештениците дадоа свои идеи, за активности кои можат да се спроведат во текот на Годината на семејство.

Средбата заврши со предлози за понатамошна пасторална соработка и заедништво помеѓу парохиите.

Состанок поврзан со прогласување на Година на семејството во Скопска биксупија беше одржан и со свештениците од Скопската бискупија на 5 декмври во Скопје.
го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.