2013-12-10 10:02:16

Папата се сретна со претседателот на Република Конго


Папата Фрањо на 9 декември го прими на аудиенција претседателот на Република Конго , Денис Сасу Нгесо. „За време на разговорите", стои во соопштението од ватиканскиот прес центар“,потсетено е на позитивниот придонес кој Католичката црква го дава на општеството во Конго, посебно на социјално и образовно поле . Истовремено се истакнуваат и „постоечките добри односи помеѓу Светата Столица и Република Конг", а се дискутираше и на некои теми од заеднички интерес, поврзани со желба за зајакнување на билатералната соработка". Беше посветено внимание и на прашања кои се однесуваат на Централна Африка", со акцент на помошта за бегалците и прогонетите, како и на проблемот со безбедноста во земјата.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.