2013-12-09 11:25:18

Торинското платно повторно ќе биде изложено за јавноста


Торинското платно повторно ќе биде изложено за јавноста во 2015 година – објави на 4 декември торинскиот архиепископ ЧезареНосилија, папски чувар на светото платно.

Минатите денови од Државниот секретаријат на Светата Столица добиена е согласност од светиот Отец платното повторно да се изложи во рамките на прославата 200 години од раѓањето на свети Иван Боско, отец и учител на младите. Неговата каризма денес е многу плодна и актуелна, како по делата кои тој самиот ги поттикна, како и преку служењето во корист на целата Црква од страна на неговите духовни синови и ќерки од монашката заедница.

Платното ќе биде изложено во пролетта 2015 година за околу 45 дена во периодот помеѓу воскресното време и завршувањето на прославата од јубилејот на дон Боско, предвиден за 16 август. Архиепископот Носилија меѓу другото истакна дека се надева на псоета од страна на папата Фрањо.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.