2013-12-06 10:40:47

Да се слуша и исполнува Словото Божјо


Кој изговара христијански зборови без Христа, односно без спроведување на зборовите во дело, прави зло на себе и на другите. Таквиот човек ја победил сопствена гордост, и станува пример на поделби, дури и во Црквата – рече папата Фрањо на светата Литургија на 05 декември во капелата на домот Света Марта.

„И така, секој, што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе биде како благоразумен маж, кој си направил куќа на камен“ (Матеј 7,24). Папата Фрањо говореше за параболата од денешното Евангелие (Матеј 7,21.24-27).

Исус ги укорува фарисеите – ги знаеле заповедите, но не ги спроведувале на дело: „тоа се добри зборови“, но ако не се спроведуваат на дело, „не само што не се од корист, туку и ни прават зло: не измамуваат, не уверуваат дека имаме убава куќа која нема темели“. Куќа која не е изградена на камен.

„Сликата за каменот се однесува на Господ. Исаија во првото читање ни вели: „Надевајте се на Господа за секогаш, зашто Господ Бог е вечна тврдина“ (Исаија 26, 1-6). Каменот е Исус Христос! Каменот е Господ! Зборот е силен, животворен, може да оди напред, може да ги трпи сите напади, само ако тој збор има свој корен во Исус Христос. Христијанскиот збор кој не е вкоренет во животот на Исус Христос, тој е христијански збор без Христа! А зборовите на христијаните во кои го нема Христа – измамуваат, прават зло! Еден англиски писател еднаш говорејќи за ересот, рече: ересот е луда вистина, луд збор. Ако христијанските зборови се без Христа – го започнуваат својот пат кон лудоста“. Таа лудост, толкува Папата, човекот го прави арогантен.

„Христијанскиот збор без Христа те води во суета, во самобендисаност, во гордост, во моќ поради својата моќ. А Господ ги руши таквите луѓе. Тоа е константно во историјата на Спасението. Тоа го говори Ана Самуиловата мајка (1 Царства 2,1-10). Тоа го говори и Марија во Велича (Лк 1,46-55): Господ ја разбива суетата и гордоста на луѓето кои себе си се замислуваат дека се камен. Луѓе кои следат некакви зборови, но без Исус Христос: и христијански збор, но без Исус Христос, без однос со Исус Христос, без служење на Исус Христос, без молитва со Исус Христос, без љубов за Исус Христос. Денес Господ ни говори: треба да го изградите својот живот на камен, а каменот е Он.“

Ќе ни биде корисна испит на совеста – продолжи Папата – за да сфатиме „какви се нашите зборови“, дали тие се зборови кои се „замислуваат дека се моќни“, способни „да ни дадат спасение“, или се тие „зборови со Исус Христос“.

„Зборувам за христијански зборови, бидејќи кога го нема Исуса Христа, зборовите нѐ делат, создаваат раздори во Црквата. Да молиме од Господ милост, нека ни помогне за понизност која секогаш ни е потребна – да говориме христијански зборови во Исус Христос, не без Исус Христос. Со таа понизност, ќе се спасат учениците, и ќе одат напред – но не со зборови кои поради замисленоста завршуваат во лудоста на суетата, во лудоста на гордоста. Нека Господ ни даде милост на таква понизност, да говориме зборови со Исус Христос, кои се темелат на Исус Христос“.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.