2013-12-04 11:41:28

Започна вториот состанок на Советот на кардинали


Советот на кардинали кој го формира папата Фрањо за да му помогне во управувањето со Црквата својот втор состанок го започна во вторник 3 декември и ќе трае до 5 демекври, се истакнува во краткиот брифинг на о. Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светата Столица.

На почетокот од состанокот кардиналите повторно дискутираа за реформите во Римската курија, како што беше и предложено на конгрегациите пред одржувањето на последните конклави. Како што изјави о. Ломбарди не се работи на тоа да се дотерува текстот или да се направат мали промени на конституцијата Пастор Бонус, туку може да се предвиди и нов документ за Римската курија.

Папата Фрањо исто така ќе учествува на сите средби предвидени до четврток, со исклучок во средата, кога ќе биде спречен поради Генералната аудиенција.

Се очекува овие денови Советот на кардинали да се сретне и со новиот државен секретар на Светата Столица.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.