Папата Фрањо го прими на аудиенција израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Во понеделник 2 декември во Апостолската палата папата Фрањо го прими на аудиенција
израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Средбата беше од приватен карактер и траеше
25 минути. За време на срдечниот разговор, беше разгледана комплексната социјална
и политичка ситуација на Блискиот Исток, со посебен акцент за продолжувањето на израелско
- палестинските преговори, и беше истакната желбата за изнаоѓање на праведно и трајно
решение, почитување на правата на двете страни, стои во соопштението од Ватикан.
На
средбата се зборувало и за прашања поврзани за односите меѓу државните власти и локалните
католички заедници, како и меѓу Израел и Светата Столица, со желба да се доврши одамна
подготвениот билатерален договор".
Покрај средбата со Светиот Отец, Нетанјаху
се сретна и со државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, стои во соопштението
од Ватикан.