2013-12-02 09:10:41

Папата се сретна со деца болни од тумор и леукемија


На 30 ноември во Ватикан папата Фрањо се сретна со триесетина деца од Полска болни од тумор и леукемија. Организаторот на инцијативата, полскиот адвокат Криштов Браморски ги претстави децата на Светиот Отец и притоа истакна дека тие пред сѐ ги донесуваат нивните молитви. Молитиви кои ги молат секоја сабота, за време на светата Литургија во болницата, мислејќи на Светиот Отец – рече адвокатот и додаде дека на оваа аудиенција се присутни деца со најтешки облици на тумор и леукемија, Поради тоа – како што рече – ги донесуваме нивните болки, стравови, но и надеж за оздравување.

Светиот Отец им се заблагодари за посетата, како и за нивните молитви за Црквата. Со своето необјасниво трпение на Црквата им правите многу големо добро – рече Папата. Но Бог ги познава сите, па така и вашите молитви. Потоа Светиот Отец поединечно ги поздрави сите деца, кои му даруваа слика од свети Фрањо од Асизи, направена во техниката колаж.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.