2013-11-26 11:09:34

Група источни католици од Украина празникот свети Јозафат го прославија со Папата


Најдобар начин за да се прослави празникот свети Јозефат е меѓусебно да се љубиме и да служиме за единство на Црквата – рече Папата Фрањо поздавувајќи ги на 25 ноември околу 5000 источни католици собрани во ватиканската базилика. Поклонението е одржано по повод 50 години од пренесувањето на моштиите на украинскиот маченик во базиликата Свети Петар. Пред доаѓањето на Светиот Отец, поклониците кои пристигнаа од Украина и Белорусија учествуваа на евхаристиско обожавање кое го предводеше кардинал Леонардо Сандри, префект на Конгрегацијата за Источни Цркви заедно со патријархот на Источната католичка Црква во Украина, Свјатослав Шевчук.

Заедница на живот меѓу сите кои припаѓаат на Христос е стварност која ни дава предвкус на вечниот живот, што е важен аспект на радосното братство на сите светии. Папата Фрањо во говорот до поклониците на гробот на свети Јозефат, потсети дека всушност тој маченик ни говори за заедништво на светите. Тој, кој прифатил монашки живот според правилата на василијанците и кој се заземал за реформа на својата монашка заедница ред, што – како што потсети Папата – довело до раѓање на Василијанска заедница на свети Јозефат. По желба на Павле VI телото на овој светец во 1963 година е сместено под олтарот на свети Василие Велики, во близина на гробот на свети Петар.

Свети Јозефат ги вложил сите свои сили – како едноставен верник и како монах, па подоцна и како епископ на Полотска – за единство на Црквата под водство на Петар.

Желба за заедништво нѐ поттикнува да настојуваме да го разбереме другиот, да го почитуваме и да го прифатиме и братски да го поправаме. Најдобар начин за славење на празникот на свети Јозефат е меѓусебно да се љубиме и да служиме за еднство на Црквата – рече Папата и поттикна на изградување на мостови на братство. Сакам длабокото заедништво кое секој ден го продлабочувате со Католичката Црква да ви помогне да градите мостови на братство и со другите Цркви и црковни заедници во Украина, но и на друго место каде што се присутни вашите заедници – рече папата Фрањо.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.