Ромите се исто така важни за евангелизацијата. На ова потсети папата Фрањо за време
на Генералната аудиенција во среда 6 ноември, поздравувајќи една група Роми од Унгарија,
кои беа присутни на плоштадот Свети Петар.
Групата носеше крст кој го добија
пред десет години од блажениот Иван Павле II. „Овој крст е знак на љубовта, милосрдието
и простувањето“ рече папата Фрањо на Ромите до Унгарија. Тој крст нека ги благослови
сите Роми, истакна папата Фрањо.