2013-10-28 10:49:44

Папата Фрањо: Семејството е движечка сила во светот и историјата


Христијанските семејства се препознаваат по вредностите, сведоштвото и отвореноста за живот – рече Светиот Отец на 25 октомври пред членовите на Папскиот совет за семејство, кои ги прими во аудиенција, по повод Генералното собрание на таа институција. Папата ја истакна димензијата на заедништвото во семејството, која треба да се истакнува во овој период кога преовладуваат правата на поединецот.

Станува збор за заедница во која се учи да се љуби, ги прави луѓето да разговараат, да се жртвуваат за другите и да го заштитуваат животот, посебно на најслабите – така ја опиша папата Фрањо единственоста на семејството кое би можело – како што рече – без претерување да се нарече движечка сила во светот и историјата. Семејството е место каде што личноста станува свесна за сопственото достоинство и ако воспитанието е христијанско, го признава достоинството на секој човек, а посебно на болните, слабите и исклучените од општеството.

Сето тоа е заедница – семејство, која бара да се признае како таква, посебно денес кога доминира заштитата на права на поединецот. Треба да ги штититме и правата на оваа заедницата, семејството! – истакна Папата. Затоа добро направивте што посветувате посебно внимание на Повелбата за правата на семејството, која е објавена токму пред триесет години, на 22 октомври 1983година – потсети Светиот Отец.
Христијански брачен пар сведочи дека женидбата, бидејќи е света Тајна, е темел на која се формира семејството – рече папата Фрањо. Бракот, како да е прва човечка света Тајна, кога лицето се открива самиот себе си, кога се сфаќа себе во односот со другите и во однос на љубовта кој е способен да ја прими и да ја даде. Брачната и љубовта во семејството исто така јасно го открива повикот на луѓето на љубов, на единствен начин и засекогаш, и да има искушенија, жртви и кризи на брачниот пар, па и на самото семејство, е пат за растење во доброто, вистината и убавината – истакна папата.

Забележувајќи дека луѓето во бракот потполно се даруваат, без калкулации и резерви, делејќи меѓусебно сѐ, и дарови и откажувања, и тоа секогаш доверувајќи се на Божјата провидност, Светиот Отец истакна дека тоа искуство кое младите можат да го научат од родителите, дедовците и бабите. Станува збор – додаде – за искуство на верата во Бог и взаемната доверба, но и светоста, бидејќи светоста претпоставува дарување на самиот себе во верноста и жртвување секој ден од животот.

Секако, во бракот има проблеми, различни сфаќања, љубомора, па може да дојде и до караница – напомена Папата – Но, треба да и се каже на младите брачни парови дека никогаш да не го завршат денот, а да не се помират! Светата Тајна Женидба се обновува во тој чин на помирување, после некоја расправија, недоразбирање, скриена љубомора, па и грев. Треба да се помириш, тоа го соединува семејството. На младите брачни парови треба да и се каже дека не е лесно да се оди по тој пат, но тој пат е толку убав – повтори неколку пати папата Фрањо.

Светиот Отец потоа истакна два дела на семејниот живот – детство и старост, и се довери на присутните дека кога исповеда некој возрасен човек во брак, секогаш го прашува за децата. Господине, госпоѓо, си играте ли со своите деца? Поминувате ли време со своите деца? А човекот ми одговара: „Па, знаете, кога наутро излегувам од дома, тие уште спијат, а кога се враќам веќе се во кревет“ – рече Светиот Отец и истакна – Бесплатност, бесплатност на таткото и мајката кон децата. Многу е важно времето да го потрошиш на децата, да си играш со децата! – истакна папата.

Општество кое ги напушта децата и кое ги исклучува старите луѓе, си ги сече сопствените корени и ја замрачува својата иднина – предупреди Светиот Отец. Оценувајте ја оваа наша денешна култура вака: секој пат кога некое дете е напуштено и некој стар човек е исклучен од општеството, се остварува не само чин на неправда, туку исто така се потврдува и неуспехот на тоа општество. Грижете се за малите и за старите луѓе, одлуката е вистинска и цивилизиран избор.

Црква која се грижи за деца и стари луѓе, станува мајака на генерации верници – рече папата – а истовремено служи на човечкото општеството помагајќи му да го открие Божјото татковство и мајчинство. Радосната вест за семејството – додаде е многу важен дел од евангелизација која христијаните можат да ја пренесуваат на сите, и тоа најмногу со сведочење со живот, посебно во секуларните општества. Вистинските христијани се препознаваат по верноста, трпеливоста, отвореноста за живот и почитување на старите. А тајана на сето тоа е Исусовата присутност во семејството – напомена Светиот Отец.
Поради тоа на сите храбро и со почит да им ја покажеме убавината на бракот и семејствата кои се прослветлени до Евангелието! – рече папата и додаде – Затоа со внимателност и наклонетост се приближуваме на семејствата кои се во неволја, оние кои се принудени да ја напуштат својата земја, кои се скршени, кои немат стан или работа или трпат поради други причини; брачните парови во криза, и оние кои се веќе разведени. Со сите сакаме да бидеме близу навестувајќи го Евангелието на семјствата, и убавината на семејството –истакна на крајот папата.

Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.