Соопштение за влезниците за канонизација на Иван XXIII и Иван Павле II
Префектурата на Папскиот дом соопштува дека за канонизација на блажениот Иван XXIII
и Иван Павле II во недела 27 април 2014 година, учеството ќе биде слободно, без никави
влезници за сите оние кои ќе најдат место на плоштадот Свети Петар, како и улицата
на Помирување (Via della Conciliazione).
Во соопштението се предупредува исто
така верниците да внимаваат на прекупувачите и агенциите или туристичките работници,
бидејќи можат да барааат од нив пари за влезници. На крајот од сопштението се
потсетува дека сите влезници за аудиенциите и евхаристиските славења, кои ги предводи
Светиот Отец се бесплатни.