2013-10-14 10:57:39

Погледот на Богородица ни помага да не бидеме „христијани од излог“


Погледот на Марија ги води христијаните до Исус и им помага да не бидат „христијани од излог“ туку да ги извалка рацете поради Евангелието – мисла со која Папата Фрањо ја заврши својата видео порака упатена до верниците собрани на 12 октомври на молитва во римското светилиште Божествена Љубов, и другите десет светилишта во светот: Лурд, Назарет, Лухан, Ваиланкани, Гвадалупе, Акити, Наироби, Бену, Ченстохова и Маријан Валеј, кои по повод „Денот на Марија, беа поврзани со видео врска.

Кого гледа Дева Марија? Сите нас нѐ гледа, секого од нас. И како нѐ гледа? Како Мајка, нежно, милосрдно, со љубов – рече Светиот Отец. Тоа е поглед кој секој сака да почувствува на себе. Тој поглед прегрнува, поддржува, утешува. Папата Фрањо го истакна мајчинство на Марија со зборови кои се повеќе од верска поука, пренесе топлина на проживеано искуство. Очите на Мајката небесна, тие исти очи – рече Папата – кои го се вперени во Синот Исус во сите моменти на животот: радосни, светли, жалосни, славни, онака како што се размислува на Бројаницата – очи кои го гледаат секое дете на земјата, и тоа едноставно со љубов.

Кога сме уморни, обесхрабрени, притиснати од проблемите, да ја погледнеме Марија, да го почувствуваме нејзиниот поглед кој на нашето срце вели: „Храбро, дете, јас сум тука и те поддржувам! – напомена Папата. Богородица добро нѐ познава, таа е мајка, добро знае кои се нашите радости и тешкотии, нашата надеж и разочарување. Кога ќе го почувствуваме теретот на своите слабости, да ја погледнеме Марија која говори во нашето срце: Стани, оди до мојот Син Исус; во Него ќе најдеш прифаќање, милосрдие и нова сила за да го продолжиш патот – истакна Светиот Отец.

Но, Марија не го насочува погледот само кон нас. Под крстот, Нејзинот поглед беше насочен во Исус. Марија ни го покажува Исус и нѐ повикува да го сведочиме, нѐ води до својот Син Исус, единствениот кој водата на осаменост, неволја и грев, може да ги претвори во вино, средба, радост и простување.

Во обожавањето на Пресветата олтарска Тајна Марија ни вели: „Гледај го мојот Син Исус, држи го погледот вперен во Него, слушај Го, разговарај со Него. Тој те гледа со љубов. Не плаши се! Тој ќе те научи да Го следиш за да посведочиш во големите и малите делови од твојот живот, во семејните односи, на работа, во моменти на славење, ќе те научи да излезеш од себе, за другите да ги гледаш со љубов, како Него, кој не со зборови туку со дела љуби и љуби! О Маријо дај ни да го почувствуваме твојот мајчински поглед, поведи нѐ до твојот Син, направи да не бидеме „христијани од излог“ туку такви кои знаат да „извалкат раце“, со твојот Син Исус да го изградиме Неговото Царство на љубовта, радост и мир – рече на крајот на порака Светиот Отец.

Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.