2013-10-02 10:15:14

Во Сирија ќе се одземаат имотите на верските малцинства


Верските малцинства во сирискиот вооружен судир се најранливиот дел од општеството. Како што објавува Фидес, 36 мулимански верски учители (улема) од најголемото предградие на Дамаск усвои пропис со кој сунитските муслимани се овластуваат да конфискуваат добра, куќи и имоти на христијани, алавити и на другите верски малцинства. Одредбата предвидува и прекинување на секаков однос со жителите на Дамаск кои ги им го свртеле грбот и ги напуштиле револуционерите.

Одзематите добра ќе бидат наменети за набавка на оружје, згрижување на сирачиња, семејства и вдовици на маченици – се истакнува во одредбата, а копија од неа е пратена и до агенцијата Фидес.

Го поттикнуваме својот народ да ги почитува муслиманските традиции и редовно да доаѓаат во џамија заради спасување на душата и општеството – стои во документот. Великодостоинственици на разни христијански цркви со голема загрженост ја коментираа оваа одредба – пренесува агенцијата Фидес.








All the contents on this site are copyrighted ©.