2013-10-01 11:17:10

Катехистот го надахнува и разбудува споменот за Бог


Катехист е оној кој вдахнова и побудува во другите „спомен на Бога“, без кое човечкото битие може да биде празно и да стане слично на богатиот од Евангелието, неспособно за било што освен да мисли за себе, а од тоа не е исклучен ни христијанинот – е главната мисла во проповедта на Папата Фрањо која ја одржа во недела 30 септември на светата Литургија по повод Денот на катехистите кои пристигнаа во Рим од целиот свет. На плоштадот Свети Петар и на улицата„ Помирување“ се собра повеќе од 100.000 луѓе.
Веднаш на почетокот на проповедта Папата Фрањо ја допре темата за која говори веќе со денови. Што се случува ако христијанинот – како богатиот од Евангелието на денешната Литургија – ужива само во својата благосостојба запоставувајќи ги бројните „Лазари“ кои го молат за помош? Кратко пред прашањето на Папата, на плоштадот Свети Петар оддекна предупредувањето на пророк Амос: „Тешко на Сион“ кој јаде, пие, вика, се забавува, а не му е грижа за проблемите на другите. Тоа се луѓе – рече Папата - кои стојат на работ на бездната на безчовечноста.
Ако нештата, парите, монденоста, станат центар на животот, нѐфатат, нѐ поседуваат, а ние го губиме својот човечки идентитет – истакна Светиот Отец и напомена – Добро погледнете: богатиот од Евангелието нема име, едноставно е „богаташ“. Неговото лице се работите, тоа што го поседува, нема друго лице. Тоа е суштество без личност, кое дозволило работите кои ги поседува да му ја украдат човечноста, имаат заеднички недостаток: го изгубиле го споменот за Бог – забележи папата Фрањо.
Ако недостасува споменот на Бог, сѐ станува плитко, сѐ оди кон одредено „јас“, кон мојата благосостојба. Животот, светот, другите луѓе, се губи вредноста, немаат веќе никаква важност, сѐ се сведува само на една димензија – на поседување. Ако го изгубиме споменот на Бог, и ние самите ја губиме вредноста, и ние сме празни, го губиме своето лице како богатиот од Евангелието! – истакна Папата. Кој оди по празнината, тој самиот станува празен, вели големиот пророк Јеремија (Јеремија 2, 5). Создадени сме по образот и подбието на Бог, а не на образ и подобие на работите, идолите!
Во таа антитеза се истакнува ликот на катехистот, а тое е оној или онаа – како што рече Светиот Отец – кој го чува и негува споменот на Бог, дозволувајќи му Тој да го води, и пробудувајќи го кај други. Негов пример е Марија која после навестувањето на ангелот не мисли на честа на угледот, туку оди да и помогне на роднината Елисавета, и воздигнувајќи го своето „Величење“ го спомнува Божјото делување во својот живот.
Катехистот е христијанин кој тој спомен го става во служба на навестувањето; и тоа не за да се покажа себе, не затоа за него да се зборува, туку за да говори за Бог, за Неговата љубов, за Неговата верност. Да зборува и пренесува сѐ она што Бог го објави, односно науката во целина, без одземање и додавање – напомена Светиот Отец и праша – И самиот катехизам, што е ако не спомен на Бог, спомен на неговото делување во историјата, дека Христос стана близок на нас, присутен во Словото, во Светите Тајни, во Неговата Црква, во Неговата љубов?
Така катехистот кој го опиша Папата Фрањо е во голема спротивност од богатиот од Евангелието и неговата крута рамнодушност кон сиромавиот Лазар. Катехистот е човек спомен на Бог доколку има постојан, жив однос со Него и со ближните; ако е човек со вера, кој вистински има доверба во Бог, и во Него ја полага својата сигурност; ако е човек на благодат, љубов, кој во сите гледа брат; ако е човек со трпение, упорност, кој знае да се соочи со тешкотиите, искушенијата, неуспесите, и тоа мирно и со надеж во Господ; ако е човекот благ, способен за разбирање и милосрдие – истакна Светиот Отец.
Пред завршувањето со благословот, архиепископот Рино Физичела, преседател на Папскиот совет за нова евангелизација, ги претстави на Папата катехистите пристигнати во Рим од сите страни на светот – од Виетнам и Хаити, до Сирија и Нигерија – а кои ,како што рече архиепископот, се конкретен знак дека христијанството е живо и дека понатаму се навестува.
Пред молитвата Ангеловиот поздрав, со кое заврши литургиското славење, Папата Фрањо упати неколку посебни поздрави, меѓу кои беше и оној упатен на - како што рече – мојот брат. Јоухани Х, грчки православен патријарх од Антиохија и целиот исток. Неговата присутност нѐ повикува повторно да молиме за мир во Сирија и на целиот Близок Исток – рече Папата. Светиот Отец спомна и за беатификацијата на хрватскиот маченик на верата, Мирослав Булешиќ: „Со радост си спомнуваме дека вчера во Хрватска за блажен е прогласен Мирослав Булешиќ, епархиски свештеник, кој преминал со маченичка смрт во 1947. Го славиме Господ, кој на недолжните и дава сила за најголемо сведоштво.“
РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.