2013-09-23 11:31:30

Исусовиот поглед го менува животот


Да се препуштиме на Исусовиот поглед; неговиот поглед го менува живот – рече папата Фрањо во проповедта на Светата Литургија на 21 септември во домот Света Марта, коментирајќи го Евангелието кое говори за преобраќањето на свети Матеј, чиј празник Црквата денес го слави.

Матеј, цариник и јавен грешник, него Исус го гледа во очи. Парите се неговиот живот, неговиот идол. Но, тогаш во своето срце го почувствува Исусовиот поглед. Тој поглед целосно го окупира и му го промени животот – го преобрати. Штом го почувствува во своето срце, стана и го следеше Исус. Вистина е: Исусовиот поглед секогаш нѐ подигнува. Тој поглед нѐ подигнува и никогаш не нѐ остава, никогаш. Никогаш нѐ те понижува. Те повикува да се подигнеш, ти дава сила, те поттикнува да одиш напред, те охрабрува бидејќи те љуби. По самиот поглед чувствуваш дека те љуби. Ти дава сила да го следиш: Тој станува и оди со Него – рече Папата цитирајќи го Евангелието.

Исусовиот поглед не е нешто магично: Исус не бил хипнотизер. Секој го гледал и секој чувствувал дека Исус го гледа, како да им го изговара името... А на сите тој поглед им го менува животот. Така го преобратил Петар, кој – после предавството – го сретна неговиот поглед и горко заплака. А Исусовиот поглед од крстот: ја гледа неговата Мајка и неговиот љубен ученик, а со тој поглед рече дека неговата мајка е и наша мајка, дека е и Мајка на Црквата; сето тоа го кажа со еден поглед. Потоа го гледа добриот разбојник и повторно Петар, престрашен после воскресението, и три пати повторува: „Дали ме љубиш?“ Петар се срами од тој поглед. Мораме и ние да се замислиме и да молиме над тој Исусов поглед и да му се препуштиме. Исус оди во куќата на Матеј, а додека седи на столот го притискале многу грешници, бидејќи за тоа се раширило глас. Целокупното општество се почувствувало дека е повикано да седне, како што било тоа во параболата за царот кој од слугите бара да одат по раскрсниците и да ги повикат сите на гозбата на неговиот син – добри и лоши.

Грешници и цариници чувствувале... Исус ги гледал, а тој поглед бил исто како дување во оган; чувствувале дека во него има оган и дека ги подигнува, за да им го врати достоинството. Гледај, каков учител – јаде со градските ѓубриња, но под ѓубрињата имало вжарени дрва, слика Божја, желни некој да им помогне за да се распламтат. А тоа го прави Исусовиот поглед – објасни папата Фрањо.

Во животот сите го чувствуваме тој поглед, не еднаш, туку безброј пати. Можеби преку свештеникот која нѐ поучува или нѐ разрешува од гревовите, можеби преку пријател кој сака да ни помогне? Сите ќе се најдеме пред тој чудесен поглед. Одиме во животот напред, сигурни дека Тој нѐ гледа. Тој исто така нѐ чека за секогаш да нѐ гледа. А тој последен Исусов поглед на нашиот живот засекогаш ќе трае, ќе биде вечен. Се доверувам на сите светии, кој Исус ги гледа, за да нѐ подготват да знаеме да се препуштиме на Исусовиот поглед; за нас да нѐ подготват за првиот и последниот Исусов поглед – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.